Се породи некогашната водителка Симона Николовска - ја доби ќерката Дарија, по синот Доротеј Златко
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
Симона Николовска која е едно од нашите најубави ТВ лица, а сега работи ако ПР & Маркетинг Менаџер, се реализираше во улогата на мајка со својот сакан Бобан во 2022 година, а сега парот доби второ дете - ќерката Дарија.

Симона Николовска, нашата некогашна водителка и едно од најубавите ТВ лица, на 17-ти јули 2022-ра се реализираше во улогата на мајка, а сега, повторно во јули, но 2026-та, доби и ќерка.

Со партнерот Бобан Богески ѝ го дадоа името Дарија. Нивниот постар син Доротеј Златко доби сестра.

Симона водеше низа успешни ТВ проекти како: Ексклузив, Џандар Збира, Танц со ѕвездите – прва сезона , а моментално е дел од тимот на позната авто компанија, како ПР & Маркетинг Менаџер.

Нејзиниот партнер Бобан Богески се занимава со приватен бизнис, семејна компанија за производство на 100% органски есенцијални масла.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: приватна архива