„Џинсоманија” во организација на „Фешн груп”: Нослива уметност создадена од стар џинс

„Џинсот е повеќе од моден детаљ, повеќе од само парче облека. Џинсот е дел од нашето секојдневие” - беше кредото со кое во возбудлива авантура наречена Jeansomania (“Џинсоманија”) викендов влегоа студентите од катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), заедно со  македонските ѕвезди Тамара Тодевска, Елена Ристеска - Ивановска, Сашко Коцев, Ненад Ѓорѓиевски и Димитар Атанасовски.

dzinskomanija-vo-organizacija-na-fashion-group-nosliva-umetnost-sozdadena-od-star-dzins-01

Настанот се одржа во специјално дизајниран џинс корнер, во Fashion and friends (“Фешн анд френдс”) во трговскиот центар Скопје сити мол.

Старите фармерки беа инспиративниот материјал од кој креативните студенти, во соработка со македонските ѕвезди, а поттикнати од нивниот имиџ и сензибилитет создаваа бројни возбудливи креации и модни детали, како што се накит, футрола за ајпад, чанти и сл.

Учесниците во “Џинсоманија” користеа стар џинс од  добро познатите и квалитетни брендови Celio (“Селио”), Springfield (“Спрингфилд”), Diesel (“Дизел”), Replay (“Риплеј”),Levi's (“Ливајс”), Guess jeans (“Гес џинс”), рециклирајќи го во применета и нослива мода.

dzinskomanija-vo-organizacija-na-fashion-group-nosliva-umetnost-sozdadena-od-star-dzins-02

Целта на настанот беше потсетување дека џинсот е материјал на многу генерации, кој никогаш не само што не излегува од мода, туку е инспиративна појдовна точка за создавање секогаш актуелни, модерни и тренди парчиња гадероба и накит.

Историјата на оваа “евергрин” текстура го потврдува тоа, ако се знае дека првиот вистински џинс бил направен од Levi's (“Ливајс”) во далечната 1873 година. Од тогаш па се до денес многу генерации го носеле џинсот на свој начин , оставајќи свој автентичен белег во историјата на мода.

За популарноста на овој материјал зборува и фактот дека Replay (“Риплеј”) создаде  специјално дизајниран џинс од кој беа креирани одела за фудбалерите на планетарно популарниот клуб “Барса” .

Уникатениот настан “Џинсоманија” посветен на џинсот, беше организиран од “Фешн груп”, а покрај катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), беше поддржан и од македонскиот креатор Никола Ефтимов.

dzinskomanija-vo-organizacija-na-fashion-group-nosliva-umetnost-sozdadena-od-star-dzins-03

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...

Најчитани неделава