Httpool партнерство со LinkedIn на пазарите во 17 земји од Централна и Источна Европа

httpool-partnerstvo-so-linkedin-na-pazarite-vo-17-zemji-od-centralna-i-istocna-evropa-01.jpg

Љубљана, 29 септември, 2015 година - Httpool со задоволство го објавува ексклузивното продажно партнерство со LinkedIn во 17 земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Грција, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Македонија, Романија, Србија, Албанија, Украина, Латвија, Естонија и Литванија. Маркетиншките и медиумските агенции сега се во можност да се вклучат со тимовите на Httpool на овие пазари и да почнат рекламирање на LinkedIn.

LinkedIn е најголемата професионална мрежа на интернет, со повеќе од 384 милиони корисници ширум светот во повеќе од 200 земји и територии со постојан раст на бројот на корисници во Централна и Источна Европа. Како за пример, LinkedIn има повеќе од 5 милиони корисници во Русија. Платформата е достапна на 24 јазици вклучувајќи чешки, романски и руски јазик.

Фредрик Бернсел, директор на продажба во ЕМЕА изјави: „Сакавме да ги прошириме нашите услуги за рекламните агенции во регионот, така што тие ќе можат да ја искористат широката мрежа на професионалци низ пазарите во ЦИЕ. Го избравме Httpool како наш ексклузивен партнер поради силното географско присуство на сите овие пазари и важните референци на компанијата“.

„Ние сме возбудени поради можноста да работиме со LinkedIn, бидејќи истиот совршено се вклопува во портфолиото на производи на Httpool. Всушност, рекламните производи на LinkedIn ќе им овозможат на компаниите во регионот можност за раст на нивните бизниси, користејќи ја ексклузивната мрежа на врвни професионалци, напредни опции за таргетирање и формати за рекламирање“, објасни основачот и извршен директор на Httpool Аљоша Јенко.

Би можело да ве интересира:

Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Тон емоции! Учениците на Ана Костадиновска пеат хит од нејзините колеги од ДНК на час: „Од срце за с... Браво! Ана Костадиновска, која е професор по пеење во музичкото училиште Ил...
Наим од „Преспав“: „Се разведов од сопругата поради пороци - денес сме пак заедно, ни се роди син пр... „Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам. Башка, 9...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Каролина полни 46 години, Дадар роденденски открива детали за неа: „Искрена до коска, голем другар“ „Горд сум што сум дел од твојата приказна сите овие години - не само како твој ш...
Браво! Татковци од Македонија учат да плетат плетенки за своите ќерки - видео што топи срцa „Ајде да бидеме искрени… не очекувавме татковци што прават плетенки. Ама ете ги....

Најчитани неделава