Нови уреди за самонаплата во Телеком продавниците

Македонски Телеком има 16 продавници со уреди за самонаплата, популарно наречени SST терминали.

novi-uredi-za-samonaplata-vo-telekom-prodavnicite-01.jpg

Македонски Телеком ја прошири својата продажна мрежа во која се инсталирани уреди за самонаплата на сметките за телекомуникациски услуги. Поставени се нови уреди за самонаплата во шест Телеком продавници и тоа во Ченто, Чаир, Струга, Куманово, Тетово и во Кочани. Па така, во моментот компанијата има 16 продавници ширум Република Македонија, во коишто се поставени уреди за самонаплата, популарно наречени SST терминали.

Со овие уреди, Македонски Телеком на корисниците им овозможува иновативен, но  пред сè поедноставен начин на подмирување на обврските. Преку терминалите, корисниците можаат брзо и лесно да ги платат сметките за фиксни или мобилни услуги, но и да надополнат ваучер за мобилен телефон. Дополнително, со инсталирање на уредите за самонаплата на сметките, значително се намалува времето на чекање во Телеком продавниците.

Плаќањето се врши во готово, но за првпат во поширокиот балкански регион на терминалите е воведено и безготовинско плаќање со помош на платежни картички, како и плаќање со MobiPay услугата на Македонски Телеком. Уредите за самонаплата се инсталирани од регионалиот систем интегратор COMBIS од Хрватска.

Би можело да ве интересира:

Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на П... За јавноста беше Панчо, но за синовите - тато. За оние кои доаѓаа на неговите ди...
Почина Драган Б. Костиќ, најпрепознатливиот радио глас: „Патувај мирно Диско селекторе“ Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, негов...
Jeлена Спенџарска дипли облека, чисти тоалет дома: „Ова за некого е кошмар, за мене е медитација“ (в... „Исто, топ!“, „Неделното чистење е ментален детокс“, гласат дел од позитивните к...
Даниел и Кристина од Кратово живеат во Франкфурт, а тој романтично ја запроси во Доминикана: „Беше с... „Отсекогаш сум го замислувал запросувањето на плажа – да биде спонтано, приватно...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава