Сузана Тодорова: Во AVON добивам 17 плати и 11 бонуси за една година

Како медицинска сестра не можев да изградам толку успешна кариера како што тоа го направив во AVON, вели Тодорова

suzana-todorova-vo-avon-dobivam-17-plati-i-11-bonusi-za-edna-godina-01.jpg

Сузана Тодорова е дел од тимот на AVON Македонија 10 години, односно од самиот почеток на компанијата на домашниот пазар. Иако 25 години работела како медицинска сестра, потребата од дополнителен извор на финансии ја натерала да почне да гради кариера и во AVON.

Позицијата Регионален менаџер ѝ била понудена врз основа на постигнатите резултати, односно таргети, кои ги добила од компанијата.

Тодорова денес е одговорна за зоната во која влегуваат Велес, Скопје, Свети Николе и Неготино, а нејзината структура брои 1.500 Претставници и 70 Лидери.

Што точно претставува позицијата „Регионален менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?
- Ова е позиција преку која можам да ги видам моите способности за градење кариера и за заработувачка. Сакам да гледам среќни и задоволни лица во мојот тим, а менаџирањето со сите нив е најдобар начин за тоа.

Со оглед на тоа дека сте многу зафатена со работните обврски, Ви останува ли слободно време? Како го поминувате?
-
Во суштина сум работохолик. Слободното време сакам да го минувам со моите внуци од кои добивам позитивна енергија и се релаксирам.

Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?
- Само со добра организација и со менаџирање.

suzana-todorova-vo-avon-dobivam-17-plati-i-11-bonusi-za-edna-godina-02.jpg

Зошто почнавте да соработувате со AVON?
- Како медицинска сестра не можев да изградам толку успешна кариера како што тоа го направив во AVON. За оваа позиција не ми беше потребна ни посебна диплома. 

Што ве мотивира денес во работата со AVON?
- Моќта на AVON е да ги менува животите. Фондацијата AVON уште од 1955 собира пари и донираше стотици милиони долари за истражувања и помош во случаи на рак на дојка, домашно насилство и природни катастрофи. Ова е компанија која 130 години се залага за убавината, иновациите, оптимизмот и пред сѐ – за жените.

Како влијае врз Вас фактот дека имате сопствена фирма?
- Ме прави многу посамоуверена.

На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?
-
Преку бесплатните обуки што ги добивам од AVON без да вложам пари или да подигнувам кредит.

Колку Вашиот тим го следи Вашиот пример?
-
Мојот пример го следат луѓето од мојот тим на кои сум особено горда. Тоа се сите оние луѓе кои сакаат финансиска независност.

Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?
- Ме доживуваат како менаџер од кого можат да учат како да изградат успешна кариера и да стекнат финансиска независност. Ме гледаат како успешна жена. За поголем дел тоа е недостижно.  

Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON? Колкава е најголемата заработена сума досега?
- Поради успешната работа сум добила наградни патувања во Сингапур, Маврициус, на сафари, крстарење по Медитеранот, Аргентина, Париз. Мојата најголема заработена сума за една кампања, во траење од три недели, е 240.000 денари.

suzana-todorova-vo-avon-dobivam-17-plati-i-11-bonusi-za-edna-godina-03.jpg

Што сакате да постигнете во AVON? Кон што се стремите?
- Да продолжам како Регионален менаџер и да направам подобри резултати во продажбата во AVON за што сум добро платена. Односно, 17 плати и 11 бонуси за една година.

Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработувачка?
- Секој ден да запознавам нови луѓе на кои можам да им го покажам патот до успехот. Мотивација и наградување на успешните луѓе во мојот тим.

На кој момент во AVON најмногу се гордеете и зошто?
- Тимот што го изградив во компанијата и наградите кои ги добив од AVON. 

Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?
- И понатаму продолжувам да работам на оваа позиција.

Би можело да ве интересира:

Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста плакета за најубава по... Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста пл...
Kсенија Николова: „Ве молам, не зборувајте за депресијата како да е тага која повремено им се случув... „Депресијата е сериозна ментална болест што треба се третира и лекува од страна ...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Маријан Стојаноски по третпат ќе стане татко: „Сопругата е во 8-иот месец, спремни сме за раѓањето н... „Сопругата Наташа е во 8-иот месец од бременоста. Ние сме веќе подготвени и го ч...
Катарина Ивановска во Италија со сопругата на Атанас Атанасовски: Од Венеција, на скијање во Корвара... Македонскиот топ модел Катарина Ивановска и нејзината блиска пријателка Александ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg