Пакомак продолжува со донации низ републикава

50 нови контејнери за рециклирање на отпад доби општина Ресен

pakomak-prodolzuva-so-donacii-niz-republikava-1.jpg

Компанијата Пакомак продолжува со инвестиции низ земјава во контејнери за комунален отпад, кои ќе овозможат селективно собирање на амбалажниот отпад, поголема хигиена и зачувувањето на животната средина. Денес во општина Ресен беше извршено примопредавање на 25 сини специјализирани пластични контејнери од  1,1 m3 за собирање хартија и композит, 25 жолти специјализирани пластични контејнери од 1,1 m3 за собирање пластика и лименки и 30 канти од 120 литри. 

“Компанијата Пакомак инвестираше во комуналната инфраструктура на Ресен и постави 50 контејнери за селектирано фрлање на отпадот кои ќе бидат поставени во јавниот простор и во основните училишта на нашиот град. Ги замолувам нашите граѓани да ги користат новите контејнери и да го фрлаат својот отпад одделно. Само на тој начин истиот ќе биде однесен на рециклирање и наместо како отпад - ќе заврши како нов, корисен производ.  Со промена на нашите навики ќе ја промениме на подобро и животната средина во којашто живееме и севкупно ќе придонесеме кон подобрување на комуналната инфраструктура во градот“, изјави Љупчо Крстевски Ген. Дир. на ЈКП Пролетер од Ресен.

pakomak-prodolzuva-so-donacii-niz-republikava-2.jpg

И понатаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура низ републикава бидејќи во некои општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање на отпадот од пакуавње. Наша цел е, се разбира во соработка со локалната самоуправа, таа слика да се смени и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се за ПЕТ, хартија и лименки. Амбалажниот отпад учествува со најмалку 20% од вкупната тежина на комуналниот отпад  кој го фрлаат граѓаните. Во иднинна продолжуваме и со останатите едукативни кампањи со цел да ги поттикнеме луѓето да дадат свој личен придонес, односно  да продолжат со примарна селекција на пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто  жолт или син по боја, се разбира во оние место каде нив ги има”, изјави Игор Макалоски оперативен менаџер во Пакомак.

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска го прослави Курбан Бајрам со семејството - заљубено го гледа сопругот, издомини... Во домашна атмосфера, елегантна во свој стил, модната инфлуенсерка Александ...
Како го теши синот, како спие: Димитар Атанасовски со фотки од семејни мигови ѝ честиташе роденден н... „Среќен роденден на нашата кралица, најсексапилната и најжестока мама, мојата ср...
Даниел Кајмакоски со семејството ја посети собата на Тоше во манастирот Преображение во Крушево: „То... „Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени. Толку м...
Драгана Спасовска се фали со животниот стил: „Имам жена што ми чисти, личен шофер и патувам со прва ... „Патувам со бизнис клас и се облекувам брендирано, посетувам салони за секакви п...
Бодибилдерката Мери Акиевска чека бебе - направи откривање на полот со торта, пресреќни со саканиот Трикратната светска шампионка во бодибилдинг, Мери Акиевска, ќе стане мајка, а в...
Денес е чист понеделник, првите три дена се најстроги - Што треба да знаете за Велигденскиот пост? Велигденскиот пост оваа година почнува денес (23.02), на денот познат како чист ...

Најчитани неделава