Покана за приклучување во проектот “Разбуди се – Преземи акција”

44 млади луѓе од 7 различни земји ќе дојдат во Маврово, Македонија за да учат и разменат знаење и идеи за климатските промени и за заштитата на животната средина.

pokana-za-priklucuvanje-vo-proektot-razbudi-se-prezemi-akcija-01.jpg

Младинската размена ќе се одржи од 4 до 13 април, кога млади од Македонија, Шпанија, Грција, Германија, Норвешка, Хрватска и Велика Британија ќе се ангажираат за да најдат решенија и да преземат акција за заштита на животната средина и да се намалат последиците од климатските промени.

Ова е можност и за секоја земја да ги промовира успешните проекти кои се поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата во Норвешка.

Во рамки на проектот се планирани два екстерни настана:

  • „Саем за зелени работни места и образование“  
  • „Акција за чистење на три природни бисери во Македонија„

Акцијата за чистење на три природни бисери во Македонија се организира на 10 Април 2016 на три различни локации – Маврово (централен настан), Матка и Охрид во соработка со глобалното движење „Let’s Do It! World“. Во акцијата освен педесетината странски претставници на невладини организации ќе се вклучат и локални невладини организации, волонтери, претставници на локалната самоуправа, амбасади, училишта и граѓани на РМ.

Акцијата е замислена во два дела:

  • Еден дел каде околу 500 волонтери ќе се вклучат во физичко отстранување на отпадот. Ќе се собираат отпадоци од различни локации кои се веќе мапирани, но и градежен шут и индустриски отпад со помош на државните и локални служби кои располагаат со таква механизација. 
  • Едукативен дел каде со џингл од познати македонски личности: Сашко Коцев, Бубо Каров, Катерина Ивановска, Кире Лазаров, Бени Шаќири и други биде испратен до сите национални и локални радио станици:
    - Со џинглот се повикуваат граѓаните да излезат и да го исчистат својот двор и околината околу зградата, куќата и слично.
    - Ќе биде формирана Еко-Патрола како форма на граѓански активизам на граѓаните на РМ која ќе  ги замоли сограѓаните кои ке ги забележат дека фрлаат отпадоци на земја, да не го прават тоа.
  • Како дел за превенција ќе се постават:
    - Знаци на различни локации кои ќе ги предупредуваат граѓаните за мандатните казни кои следат како последица на уништувањето на животната средина.
    - Поставување на контејнери и канти за отпадоци на локации каде што се потребни.
    -Координирање на локалните надлежни служби во превентивна едукација на локалното население, како и изрекување на мандатни казни.

Во оваа акција учествуваат многу партнери: невладини организации кои обезбедуваат волонтери и го организираат овој проект, хотели и комерцијални објекти кои ќе обезбедат храна и пијалаци за волонтерите, сите партиципиенти - локални и државни институции, медиуми кои бесплатно го промовираат проектот, познати личности и индивидуалци, општествено одговорни компании кои финансираат или донираат дел од потребната опрема и материјали.

Акцијата е поддржана од локалните самоуправи на општините Маврово/Ростуше, Скопје и Сарај, Охрид и од државни служби. Од компаниите акцијата ја подржаа Тинекс маркетите, Хотел Алпина и Нехар Турс.

Би можело да ве интересира:

Стефан и Мартин од „Некст тајм“ уживаат во Виена - тон љубов од таткото и чичкото за малата Лиана Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својат...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
„Отидов на слава, столчињата и масите распар, позајмени од комшии, деца викаат, ние пееме – вечер шт... „Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со ак...
Викторија Лоба со моќна порака: „Земаш телефон и се споредуваш со цел свет, па си мислиш ‘Не сум дов... „Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.&...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
Маја Вукичевиќ емотивна за брат ѝ: „Колку и да сме далеку во Сиднеј, ни фалиш сè повеќе... Еден е бр... „Ти посакуваме пред сè челично здравје и со леснотија да тераш до 101...“, гласи...

Најчитани неделава