Што ќе направиш ако храната едноставно исчезне? Тоа се случи во Карпош!

Ако тргнавте да пазарите во супермаркетот Гранап во Карпош, големи се шансите дека ве пречека голем знак – НЕМА ХРАНА!

sto-ke-napravis-ako-hranata-ednostavno-iscezne-toa-se-sluci-vo-karpos-01.jpg

Сигурно се разочаравте, но знајте дека многу полошо се чувствуваат илјадници Македонци секојдневно, бидејќи всушност ова за нив е секојдневие!

sto-ke-napravis-ako-hranata-ednostavno-iscezne-toa-se-sluci-vo-karpos-02.jpg

Гранап маркетите во соработка со маркетинг агенцијата Еден на Еден ја направија оваа акција со цел подигнување на свесноста за 17 октомври, денот на борба против гладот. Имено, маркетот во Карпош 4 беше затворен и опколен со лента која јасно укажуваше дека купците доаѓаат залудно, односно дека едноставно – нема храна. За жал ова е реалност за огромен број наши сограѓани. Како што кажуваат и постерите кои осамнаа на влезот од Гранап, 28.1% од граѓаните во Македонија не успеваат да ги задоволат основните потреби за храна и сметки, а 70.000 луѓе имаат само 2-3 оброци неделно!

sto-ke-napravis-ako-hranata-ednostavno-iscezne-toa-se-sluci-vo-karpos-03.jpg

Една од ретките организации која се труди да помогне на терен, носејќи храна до оние кои не можат да си дозволат редовен оброк е Банка за Храна Македонија, чиј контакт меил е отворен во секое време за сите ресторани, маркети, компании кои произведуваат храна, како и сите поединци кои сакаат да се вклучат и помогнат. Се што треба е да ги контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

“Се надеваме дека ќе допреме до голем број луѓе и дека добар дел од нив ќе се решат да помогнат. Секоја чест на Гранап маркетите кои се дел од организациите веќе вклучени во листата помагатели на Банка за Храна Македонија, навиваме да бидат мотив плус за сите останати да го сторат истото. Нека следниот 17 октомври биде ден со помалку гладни!” – изјавија од маркетинг агенцијата Еден на Еден.

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава