Не го одбегнувајте лебот - изберете здрав, богат со протеини и со малку шеќери

Протеинскиот Нутри леб на Жито Лукс содржи големо количество протеини кои се важни за обновување и изградба на сите ткива во човечкиот организам, поради што е потребно  нивно внесување во доволна дневна количина.

ne-go-odbegnuvajte-lebot-izberete-zdrav-bogat-so-proteini-i-malku-shekeri-2.jpg

Живееме во време кога здравата и правилна исхрана, диетите и правилно испланираните оброци во текот на денот се сè поактуелни. За да се храниме правилно, од исклучителна важност е да ја знаеме количината калории кои ги внесуваме, но и фактот дека лебот не секогаш треба да биде изоставен од исхраната. Напротив, нутритивните карактеристики на лебот се важни за здравјето, особено ако е тој со високо ниво на протеини и ниско ниво на шеќери. Благодарение на протеините кои го хранат телото, тоа има повеќе енергија, а организмот е сит подолго време.

Таков леб е Протеинскиот Нутри леб на Жито Лукс кој  содржи големо количество протеини кои се важни за обновување и изградба на сите мускули во човечкиот организам, поради што е потребно нивно внесување во доволна дневна количина. Овој леб, покрај тоа што содржи големо количество  протеини, има и црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои го надополнуваат вкусот и нутритивниот состав на лебот. Протеинскиот Нутри леб од Жито Лукс содржи само 64 калории во парче леб, но поради високото ниво протеини, тој дава чувство на ситост и енергија подолг период.

ne-go-odbegnuvajte-lebot-izberete-zdrav-bogat-so-proteini-i-malku-shekeri-1.jpg

Протеинскиот Нутри леб е одличен за сите кои живеат со брзо темпо, а во исто време се трудат да го контролираат бројот на калории кои ги внесуваат во текот на денот, но сакаат да останат здрави и сити. Богат со семиња, со природно добиен протеин од грав, овој леб е погоден и за сите кои рекреативно спортуваат, кои се грижат за мускулната маса и за сите на кои им е потребна поголема енергија во текот на денот.

Можеме да бидеме задоволни од себе, со своето здравје и својот изглед, а сепак да не го заборавиме лебот како слатко задоволство во исхраната.

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Наим од „Преспав“: „Се разведов од сопругата поради пороци - денес сме пак заедно, ни се роди син пр... „Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам. Башка, 9...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...

Најчитани неделава