Студентите избираа по четврт пат – Nescafe и Milka се брендовите со најпозитивен имиџ

Студентите повторно избраа, STUBRAND повторно ќе им даде шанса на компаниите да ги сертифицираат своите брендови кои уживаат позитивен имиџ кај студентската популација (односно млади лица на возраст од 18-27 години). Четврта година по ред, единствената меѓународна агенција за сертификација STUBRAND го спроведе истражувањето за перцепцијата на имиџот на брендовите кај студентската популација во Република Македонија. Согласно уникатната методологија, од вкупно 435 брендови поделени во 19 категории, 254 брендови уживаат позитивен имиџ кај студентите и се квалификувани за престижната сертификација за STUBRAND 2018.

studentite-izbiraa-po-cetvrt-pat-nescafe-i-milka-se-brendovite-so-najpozitiven-imidz-01.JPG

„Претходните 3 години, истражувањата на STUBRAND им помогнаа во голема мера на нашите партнери да ја откријат перцепцијата за нивниот имиџ и имиџот на конкурентните производи/услуги со цел да креираат подобра понуда и подобро да се позиционираат на конкрентиот пазар. Имајќи во вид дека перцепцијата за имиџот не мора да биде креирана од купувно искуство, туку се креира и преку пораки пласирани во медиумите, стереотипи, кажувања од трети лица, и сл., оваа година перцепцијата за имиџот на брендовите кај студентите го мериме и во неколку нови категории, по претходна консултација и одобрение од сопственикот на методологијата, како на пример кредитни картички и оптики“, истакна д-р Виктор Ѓорѓиески, регионален директор на STUBRAND.

Покрај сертификацијата, STUBRAND, за разлика од останатите светски агенции, на компаниите им овозможува директна таргетирана промоција пред најзначајната целна група консументи – студентите, односно младите лица на возраст од 18-27 години. Д-р Ѓорѓиески додава: „пораките што се испраќаат со сертификациите од останатите агенции се општи и пред се во функција на креирање свест на брендот иако за повеќето брендови за тоа нема никаква потреба. Дополнително, има и агенции чии сертификации значат промоција доминантно пред други бизниси. Крајно, останатите сертификациони агенции не работат доволно на нивниот имиџ и нивната промоција пред таргет популацијата со цел да им помогнат на сертифицираните брендови во промоцијата на што точно значи тоа признаие и зошто е истото вредно. Ние, за разлика од нив, сметаме дека крајните клиенти се најзначајни и затоа постојано го промовираме нашиот бренд пред таргет популацијата, а дополнително и организираме свечен настан, дистрибуираме специјална брошура, креираме сопствена реклама и сл. со што испраќаме директни таргетирани пораки до студентите – консументите на иднината, и ги промовираме брендовите со цел да ја освојат нивната лојалност и да обезбедат пазар за годините што доаѓаат“.

studentite-izbiraa-po-cetvrt-pat-nescafe-i-milka-se-brendovite-so-najpozitiven-imidz-02.jpg

Од STUBRAND Macedonia се во исчекување на брендовите кои ќе им се придружат на Ладна, Зегин, Голден Арт, Еуролинк, Алкалоид, Good Nature, Скопско, Добра Вода, Шпаркасе Банка, MoneyGram, Телекабел, B-Watch, Коузон, Рапсоди, Европа, Неуромедика, Healthy Food by Zegin, Јока, Имако, Стоби Флипс, Атлантис, Виталиа, Дурекс, Антенна 5, 24 Вести и crnobelo.com.

Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg