Лукоил донираше прочистувачи за воздух за основните училишта во Битола

Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија, г. Андреј Куку денес беше во посета на општина Битола каде се сретна со градоначалничката г-ѓа Наташа Петровска, каде беше договорена донација на прочистувачи за воздух за основните училишта во градот.

lukoil-donirase-procistuvaci-za-vozduh-za-osnovnite-ucilista-vo-bitola-01.JPG

Иако зимските денови штотуку не одминаа и сите чувствуваме растеретеност од високо загаденитот воздух, кој секоја година ги мачи граѓаните и претставува вистински проблем, решивме овој пат да делуваме однапред и да се подготвиме за следната зимска сезона. Па така ја продолжуваме акцијата за донација на прочистувачи која започна во Скопје и се префрлуваме во Битола каде во повеќе училишта ќе донираме прочистувачи за воздух. Оваа наша иницијатива би сакале и понатаму да продложи и на неа да се надоврзат и другите компании кои се во можност да помогнат. Децата се нашето богатство и важно е да се потрудиме средината во која го поминуваат поголемиот дел од денот да има задоволителни услови за работа и дружење“, изјави Андреј Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија.

lukoil-donirase-procistuvaci-za-vozduh-za-osnovnite-ucilista-vo-bitola-02.JPG

Битола е еден од градовите кој се соочува со висока концентрација на штетни честички, посебно во времето на зимската сезона и ова е еден од начините како да се соочуваме со решавање на проблемите. Би сакала да искажам голема благодарност до ЛУКОИЛ кои покажаа добра волја и не поддржаа да помогнеме онаму каде е најважно. Преку повеќе акции и иницијативи поголемиот дел од градинките ги обезбедивме со прочистувачи, па така сега на ред се и основните училишта. Се надеваме позитивниот пример на ЛУКОИЛ ќе ги мотивира и останатите да се приклучат кон ваквите заложби“, рече градоначалничката Петровска.

lukoil-donirase-procistuvaci-za-vozduh-za-osnovnite-ucilista-vo-bitola-03.JPG

Лукоил Македонија е општествено одговорна компанија која своите заложби за чиста и здрава средина ги реализира не само преку донации туку и со понуда на нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива кои се пријатели на животната средина. Како резултат на оваа заложбатие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерација ги задоволуваат највисоките европски стандарди.

Би можело да ве интересира:

Андреј од ДНК денес ќе наполнеше 44 години - Сопругата со емотивна фотографија на првиот роденден по... Да беше жив, Андреја Ѓорѓиески, или само Андреј од ДНК, како што го викаа сите п...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Атрактивни во бикини - Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај? „Плажа и уживање. Толку“, напиша водителката Ивана Јанковска, која е една од нек...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава