Неколку совети за ефикасно чистење на Вашиот дом

Повеќето луѓе веруваат дека домашната организација и чистење се меѓу првите пет причини за создавање на дополнителен стрес во секојдневието. А токму овој период од годината сите темелно го чистиме нашиот дом и се подготвуваме за летните денови.

nekolku-soveti-za-efikasno-cistenje-na-vasiot-dom-001.jpg

Пролетното чистење има очигледни придобивки како што се организираниот плакар и блескави површини, а сончевите денови имаат големо влијание на нашето секојдневие со што посакуваме да ја отстраниме целата нечистотија во домот и секоја просторија да биде исполнета со свеж воздух и сончева светлина.

Доколку сѐ уште не ја направивте вашата сезонска генералка, искористете ги овие совети за ефикасно чистење на Вашиот дом:

- Ослободете се од непотребните работи – Ова е првото и основно правило кога темелно го чистиме домот. Иако често имаме потешкотија да фрлиме работи кои ги чуваме долго време, верувајте – доколку не сте ги употребиле во последнава година, голема е веројатноста дека никогаш нема да ви притребаат.

- Длабинско чистење на теписите - Ќе бидете изненадени колкава количина на нечистотија, прашина и влакна се крие во вашиот тепих, којa обичната правосмукалка не може да ја отстрани. Длабинското чистење ќе помогне да се обнови бојата и текстурата на тепихот, а чистиот воздух веднаш ќе го почувствувате.

- Кујната секогаш треба да биде беспрекорна, бидејќи во спротивно може да стане извор на зарази и бактерии. Правило кај чистењето на кујната е да имате посебна крпа за чистење на сите површини. Исто така, имајте на ум дека влажните места се најголем извор на бактерии и дека задолжително треба да се менува сунѓерот за миење садови секоја седмица. Дополнително исполирајте ги славините со половина лимон, а вратете го сјајот на мијалникот со помош на маслиново масло кое ќе го втриете со мека крпа.

- Прозорци - За вашите прозорци да изгледаат беспрекорно, прво избришете ги со крпа и оцет, потоа со чиста вода и оставете ги да се исушат. Кога ги бришете прозорците од едната страна бришете ги надолу нагоре, а од другата страна од лево кон десно, така полесно ќе забележите кое место не е добро исчистено.

- Преуредете го плакарот - Може да имате прекрасен и огромен избор на облека, но големи се шансите дека дел од тие парчиња облека никогаш повеќе нема да ги облечете. Добра идеја е да ја подарите некому, а вие ќе добиете поголем простор за вашите парчиња што навистина ги носите.

Oдржувањето на домот во перфектна состојба и одвоеното време за генерално чистење не е лесна задача за оние луѓе кои се постојано во движење, па враќањето во домот им претставува скапоцено време за релаксирање. Сѐ повеќе домаќинства денес ангажираат специјализирана компанија која ќе им помогне домот да заблеска со професионални и висококвалитетни услуги. Моментално една од водечките компании во регионот која врши услуги од овој тип е групацијата Секјуриком, чија основна дејност е вршење на услуги од областа на професионалното чистење и тековното одржување. Тие изготвуваат индивидуални планови за чистење на барање на клиентот и нудат редовно oдржување на хигиената на домот. Доколку не сте во можност да одвоите доволно време целосно да се посветите на ваква „генералка“ или пак едноставно сакате да ја препуштите работата на професионалци, тогаш ова е вистинскиот совет за вас.

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава