ИАБ Македонија и МААМ потпишаа меморандум за соработка

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија и МААМ - македонската асоцијација на агенции за маркетинг, потпишаа меморандум за соработка со цел промовирање, развој и континуирана соработка во областа на дигиталното огласување во Република Македонија.

iab-makedonija-i-maam-potpisaa-memorandum-za-sorabotka-001.png

Во име на здруженијата, меморандумот го потпишаа претседателот на МААМ, Г-дин Сашо Пешев и Претседателот на ИАБ Г-дин Борис Ефтимовски, обврзувајќи се дека во рамки на својата примарна дејност и цели, здруженијата заеднички ќе дејствуваат и меѓусебно ќе соработуваат во интерес на дополнителниот развој на дигиталното огласување на територијата на Република Македонија на повеќе начини и преку повеќе заеднички проекти.

Истовремено, МААМ Македонија како асоцијација на водечките маркетинг и медиски агеции во Македонија,  го поздравува имплементирањето на саморегулаторниот Етички Кодекс на добри професионални практики кој го иницираше ИАБ Македонија и ги повикува своите членки (маркетинг и медиски агенции од Македонија) да го поддржат процесот преку поинтензивна соработка со дигиталните медиумски издавачи кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ Македонија.

МААМ и ИАБ Македонија заеднички ги повикуваат дигиталните издавачи од Македонија да се приклучат на иницираните процеси и:

- да го прифатат Саморегулаторниот Етички Кодекс на ИАБ Македонија и

-да учествуваат во анализата и мерењето на дигиталниот пазар кој ќе го спроведува избраната истражувачка агенција (трета независна страна).

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...

Најчитани неделава