Можности за регрутација и мрежно поврзување на Саемот за кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ

(Скопје, 24.04.2019) - Претстојниот Саем на кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ на својот кампус во Солун ќе дочека повеќе од 40 компании, учесници од различни индустриски сектори, што дава идеална можност за вмрежување и регрутирање на талентирани студенти од различните додипломски и постдипломски програми. Саемот на кариера за 2019 година ќе се одржи на 16 мај, во Солун.

moznosti-za-regrutacija-i-mrezno-povrzuvanje-na-saemot-na-kariera-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-01.jpg

Целта на организирањето на овој саем е поврзување на високообразовните кадри што дипломираат на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и компаниите од регионот, како и зајакнување на односот меѓу индустријата и академската заедница. На компаниите коишто сакаат да инвестираат во млади и добро образовани, дипломирани студенти им се дава можност да спроведат интервјуа, да го пополнат портфолиото за потребни тековни и идни работни позиции. Од друга страна, студентите имаат можност да ги презентираат своите достигнувања и вештини, да се запознаат со идните работни места одблиску, директно да се поврзат со компаниите, со крајна цел да добијат понуда за работа со полно работно време или за стажирање.

moznosti-za-regrutacija-i-mrezno-povrzuvanje-na-saemot-na-kariera-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-02.jpg

Традиционално Саемот за кариера на Сити колеџ е еден од најпосетуваните настани од страна на тукушто дипломираните студенти, но исто така и од компании од регионот, коишто воспоставуваат и меѓусебни контакти и бизнис релации. Компаниите од Северна Македонија кои сакаат да учествуваат на Денот на кариера 2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ може да го пополнат онлајн формуларот за учество и да добијат повеќе информации на следниот линк.

moznosti-za-regrutacija-i-mrezno-povrzuvanje-na-saemot-na-kariera-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-city-college-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Фудбалерот Дарко Чурлинов се ожени со Гркинката Филипа - свадба во Солун, игра сиртаки Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов се венча со грчката манек...

Најчитани неделава