Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со користење на апликацијата HalkEco на ХалкБанк граѓаните само за еден ден обезбедија засадување на 22 дрвja

За само еден ден откако официјално беше претставена новата мултифункционална мобилна апликација HalkEco на Халкбанк, истата ја имаат симнато 1.242 граѓани кои за 24 часа успеаја да обезбедат нови 22 дрвja што Халкбанк ќе треба да ги засади. Сите оние што започнаа да ја користат апликацијата додека пешачат, трчаат, возат велосипед или електричен тротинет имаат поминато 1.809 километри и со своите здрави навики ја намалија емисијата на јаглен диоксид за 234 килограми.

so-koristenje-na-aplikacijata-halkeco-na-halkbank-gragjanite-za-samo-eden-den-obezbedija-sasaduvanje-na-22-drvja-01.jpg

Халкбанк како прва еко банка ја разви мобилната апликација HalkEco што има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивната активност банката ќе засадува дрвја, со што заедно ќе придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, ХалкБанк ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, ќе добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ќе ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Во апликацијата се содржани повеќе елементи чија заедничка цел е намалување на емисијата на штетните гасови и засадување што повеќе дрвја.

Би можело да ве интересира:

„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Како да се подготвите за прекинот на водоснабдувањето во Скопје + колку долго ќе трае санирањето на ... Институтот за јавно здравје порачува граѓаните да складираат доволно вода за пие...
Дарко Стојанов, повреден во пожарот, прв се врати од лекување во Србија: „Моите деца сè уште имаат т... „Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг про...
Центарот на Скопје – кучешки измет на секој чекор и непостоечки тротоари! Колкава е веројатноста да НЕ згазнеш на кучешки измет во центарот на Скопје? Сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg