Искрена приказна за Нина Деан: „Плати лекарства за изгубена бабичка и помогна да ја вратиме кај синот“

Помеѓу познатите личности може да се најдат вистински хуманитарци, а токму таква приказна сакаме да споделиме со вас за актерката Нина Деан, која нас ни ја раскажа нејзин фан на Инстаграм.

fan-spodeluva-prikazna-za-nina-dean-plati-lekarstva-za-izgubena-babichka-i-pomogna-da-ja-vratime-kaj-sinot-001.jpg

Неодамна направивме интересно интервју со Нина Деан, а по тој повод, на нашиот Инстаграм профил стигна порака со вистинска, инспиративна приказна за актерката. 

Нејзин фан, чие име ќе остане анонимно, сподели со нас вистинска случка на која таа била сведок, а во која Нина Деан е херој од реалниот свет.

Прочитајте за што станува збор - во продолжение пораката која ја добивме:

Пред месец дена сосема случајно со една изгубена бабичка отидовме во Зегин Буњаковец да земе тоа што ѝ беше потребно, и во еден момент ме праша дали би можела да ѝ го платам, но ташната ми беше во кола и токму оваа  девојка се понуди и ги плати лекарствата.

Од страна се слушаа коментари дека бабичката е изгубена, па Нина се понуди да дојде со нас и да ја вратиме бабичката. На крајот успешно беше вратена кај синот после час/два. Сѐ до тој момент не знаев дека цело време со нас била Нина Деан, додека синот не ја праша дали е актерка ? 

П.С една од омилените ликови на сцена ми е ? Замислете колку сум била дефокусирана, а возбудата ме држеше долго после сето ова.

 Тоа е разликата од неа и другите јавни личности кои ја изразуваат својата „скромност и хуманост“ со пишување статуси за стореното дело. 

Верувам дека имала доста други случки кои ги нема претставено во јавноста. Се надевам дека на некој ќе му служи за пример како да ја разбуди човековата свест и безусловно пружање помош таму каде што има потреба!

fan-spodeluva-prikazna-za-nina-dean-plati-lekarstva-za-izgubena-babichka-i-pomogna-da-ja-vratime-kaj-sinot-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почна... „Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Мно...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава