Отворена е првата регионална благајна на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА во Кочани

Со задоволство ги известуваме играчите на игри на среќа на Државна Лотарија, дека новоотвореното уплатно-исплатно место во Кочани, кое се наоѓа спроти општинската зграда во Кочани, започна да работи и како регионална благајна.

otvorena-e-prvata-regionalna-blagajna-na-drzhavna-lotarija-vo-kochani-01.jpg

Со ова, нашата земја ја доби првата регионална благајна на Државна лотарија, каде играчите на кои Кочани им е поблиску од Скопје ќе може да се обратат за исплата на добивки во вредност над 5.000 денари.  Токму оваа недела во Кочани беше доделен првиот електричен тротинет на добитничка од Кочани.

Со ова Државна Лотарија започнува со имплементација на проектот за отворање регионални благајни. Првата е веќе отворена во Кочани, а до крајот на оваа година се планира да се отворат вкупно пет регионални благајни во различни краишта на нашата земја.

otvorena-e-prvata-regionalna-blagajna-na-drzhavna-lotarija-vo-kochani-02.jpg

Цалта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија.

Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во првата регионална благајна во Кочани.

otvorena-e-prvata-regionalna-blagajna-na-drzhavna-lotarija-vo-kochani-03.jpg

Регионалната благајна во Кочани, редовно работи како уплатно исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија е на улица  Љупчо Сантов, бр.1/4, спроти општинската зграда, со работно време од 9:00 до 21:00 часот, секој ден освен недела.

otvorena-e-prvata-regionalna-blagajna-na-drzhavna-lotarija-vo-kochani-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава