Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Триглав Осигурување ја поддржа младинската лига на Кошаркарската федерација на Македонија

Како долгогодишен поддржувач на националниот спорт, Триглав Осигурување ја обнови соработката со македонската кошаркарска федерација  (КФСМ) и овој пат обезбеди поддршка за младинската кошаркарска лига.

triglav-ja-poddrzha-mladinskata-liga-na-kosharkarskata-federacija-na-rm-01.jpg

Согласно стратегијата за корпоративна друштвена одговорност на групацијата Триглав, компанијата е посветена на поддршката и развојот на спортот и е спонзор на голем број спортски проекти.

Имајќи го предвид влијанието на корпоративната општествена одговорност врз спортот, од особена важност за Триглав претставува можноста за соработка и посветеноста на Кошаркарската федерација кон развојот на спортот во земјата. Токму затоа компанијата одлучи својата поддршка да ја намени за помош на младинската кошаркарска лига. Таа има стратешко значење, како поради својата цел да ги развива идните квалитетни првотимци и репрезентативци во кошарката, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај младите.

“Триглав е компанија којашто секогаш се стреми да обезбеди висок квалитет, сигурна иднина и позитивно искуство за своите клиенти. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во коешто делува. Свесни сме за важноста на инвестирањето во националниот спорт и што тоа значи за  неговиот развој, особено кога тоа ги вклучува младите категории и децата. Вистинска привилегија е да бидеме дел од активностите на младинската кошаркарска лига, затоа што токму тука се градат вистинските навики, се создава квалитетот, тука лежи иднината на кошарката и спортот воопшто. Се надеваме дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон што подобри услови за работа на клубовите и постигнување на што подобри резултати”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

„Најдовме партнер кој ги препозна заедничките интереси. Сега започнуваме со планираниот проект во младинската лига, со надеж и со желба дека соработката ќе биде проширена и во други сфери, и дека со оваа ценета компанија ќе останеме долгогодишни партнери“ – потенцира генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски истакна:

„Почнуваме од најважниот сегмент на општественото живеење – младите. Во овој случај со клубовите во младинските категории на натпреварување. Како општествено одговорни чувствувавме потреба за реализација на еден заеднички проект со Триглав Осигурување. Замисла со која сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето. Да се залагаме за она што се вели здрава младина и едно поздраво, поубаво општество. Ова е само првиот чекор во реализација на плановите на нашата федерација“.

Кошаркарската федерација на РСМ и Триглав Осигурување ќе продолжат со заеднички сили да работат на промовирање на спортските вредности и на унапредување и развој на спортот во земјата.

Би можело да ве интересира:

Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки? „Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден....
Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд...
Македонска гордост! Нина (13) е светски шампион во танц со две титули на првенството во Полска „Почна ново Светско првенство за Нина... Нова кореографија, ново злато. Ќерко фа...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg