Нов круг за поддршка на младите таленти во Македонија е во тек - Гласај за второто Ново Име! А потоа обиди се тоа да станеш и ти!

Последниот момент за вториот круг на пријавување на платформата за таленти “Ново Име” ќе биде на 15-ти февруари, точно на полноќ.

nov-krug-za-poddrshka-na-mladite-talenti-vo-makedonija-e-vo-tek-01.jpg

Веќе наредното утро, на платформата novoime.mk ќе осамнат сите валидни пријави, односно, ќе бидат претставени младите од Македонија кои во овој, втор круг на проектот Ново Име ќе настојуваат со својот талент да ја воодушеват јавноста и за тоа да бидат наградени.

Проектот Ново Име го реализира компанијата “ХТЛ МАКЕДОНИЈА” и брендовите како ADMIRAL, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ,  членки на групацијата “NOVOMATIC”, а со желба да се поддржат и охрабрат младите од цела територија на Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.

“Благодарејќи на поддршката која ќе ја добијам како победничка во првиот круг на проектот, планирам да се усовршувам во работата со својата професорка по цртање, но и да организирам изложба на моите трудови”, кажа Сандра Туфеска од Демир Хисар, која со својот талент за цртање се избори за титулата прво Ново Име во Македонија, и ги повика сите млади во земјата своите знаења и вештини да не ги чуваат само за себе, туку храбро да ги споделат со светот и така да добијат шанса да ги унапредат.

Гласањето во вториот циклус на проектот трае до крајот на месецот, односно до 29 февруари на полноќ, а победникот се прогласува официјално ден потоа, како на самата платформа, така и на социјалните мрежи Facebook и Instagram, каде можете да ги следите сите случувања во врска со овој проект.

Но, не заборавајте, до средина на март можете да ги испраќате своите пријави за новиот круг, а важно е да се напомене дека пријавите кои ќе стигнат порано, со самото тоа и порано ќе го поминат тестот на валидноста, ќе бидат објавени на платформата, што на авторот ќе му обезбеди повеќе време за придобивање на победнички гласови. Следниот победник ќе биде познат веќе на 1-ви април.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...

Најчитани неделава