Старт на проектот на ИРЛ „Мобилни редакции“ - Истражувачки новинари ќе патуваат низ Македонија за да се борат со корупцијата

Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ започна со реализација на проектот „Мобилни редакции“, што до крајот на мај оваа година ќе се спроведува во три региони во земјата: полошкиот, североисточниот и југоисточниот.

start-na-proektot-na-irl-mobilni-redakcii-01.JPG

Основната цел на овој проект е да се истражи корупцијата на локално ниво, преку непосредна комуникација со граѓаните во тие средини, со помош на слободното, истражувачко новинарство.

За да се запознае со локалните проблеми со фокус на корупцијата, тимот на ИРЛ ќе престојува во секој од трите региони, каде ќе оствари директна комуникација со граѓаните и ќе изврши теренски новинарски истражувања. При тоа ќе бидат креирани видео стории што ќе бидат објавени на интернет порталот на ИРЛ (irl.mk), на социјалните мрежи, како и на локални и национални телевизиски канали.

Мобилна редакција на тимот на ИРЛ прво ќе го посети североисточниот регион, а ќе биде стационирана во Крива Паланка,од каде во следните две недели ќе се истражуваат корупциски темикои ќе бидат иницирани од локалното население.Утре (вторник, 10-ти март 2020) во овој град ќе биде организиран и отворен ден за граѓанитена кој ќе присуствуваат и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Државниот ревизор и на локални невладини организации. На почетокот на април, мобилната редакција ќе се префрли на полошкиот регион, во Тетово, а на почетокот на мај ќе биде поставена во Струмица на југоистокот од земјата.

Повеќе информации за целиот проект може да се добијат и преку видеата кои се поставени на овие линкови:

- Бори се со нас: https://irl.mk/irl-doaa-vo-vashite-gradovi-bori-se-so-nas/

- Мобилни редакции:

/" target="_blank" rel="noopener noreferrer">/

- Монопол:

/" target="_blank" rel="noopener noreferrer">/

„Убедени сме дека овој проект ќе придонесе кон остарување на континуирана мисија на ИРЛ за враќање на довербата во слободното, истражувачко и аналитично новинарствоза да може тоа да им помогне на граѓаните да дојдат до точни и релевантни информации за состојбите во сферата на корупцијата, криминалот и владеењето на правото“, објаснува раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска. „И преку овој проект сакаме да покажеме дека медиумите се вистинските чувари на демократските вредности и заштитник на јавниот и граѓанскиот интерес“, вели Цветковска.

Во целокупната имплементација на проектот, како и во самиот процес на создавање на истражувачки новинарски стории, ИРЛ ќе соработува до голем број граѓански организации, кои долги години работат на национално и локално ниво на теми поврзани со корупцијата и нејзиното сузбивање, со локалните канцеларии на Здружението на новинарите, како и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот ревизор и Канцеларијата на Народниот правобранител.

Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство. Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OrganizedCrimeandCorruptionReporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот.

start-na-proektot-na-irl-mobilni-redakcii-02.JPG

За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk,како и профилите на социјалните мрежи: www.facebook.com/IRLMacedonia/; www.instagram.com/irlmacedonia/и www.twitter.com/IrlMacedonia

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...
Александар Динев прослави една година врска со саканата Евче: „Љубовта е ризик, но со тебе вреди“ „Земјата направи една ротација околу сонцето. А јас направив една околу теб...

Најчитани неделава