Користете ги онлајн услугите да избегнете одење во банка

Халкбанк ги повикува своите клиенти да ги користат повеќе онлајн услугите наместо класичното одење на шалтер во периодов кога Владата на Република Северна Македонија презема дополнителни мерки за заштита.

koristete-gi-onlajn-uslugite-da-izbegnete-odenje-vo-banka-01.jpg

За завршување банкарски услуги, без разлика дали се работи за уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, плаќање комунални услуги, кредити, но и аплицирање за кредит или формирање штеден влог, периодов и нема потреба да се оди на шалтер во банка, сето тоа може да се заврши брзо и едноставно од својот дом или канцеларија.

Со оглед на тоа што Халкбанк има еден од најразвиените дигитални системи за банкарство во исто време се штеди време, но и средства бидејќи надоместоците за користење на онлајн услугите се пониски отколку кај традиционалните шалтерски услуги.

Со цел да се избегне физичка посета на банките, секој корисник  на електронското и мобилното банкарство на банката може целосно да менаџира со своите сметки и од дома или од своето работно место да ги изврши сите услуги: проверка на состојбите на сметките, кредитни картички, депозити, кредити, добивање изводи, вршење дневни трансакции, вршење на сите типови плаќања - денарски, девизни како и креирање на шаблони.

Во време на мерки, претпазливост и грижа за најважното – а тоа е здравјето, банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност, правете ги онлајн и безконтактно.

Важни се луѓето, а за нив најважно е здравјето.

koristete-gi-onlajn-uslugite-da-izbegnete-odenje-vo-banka-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...
Кирил Колемишевски, поранешен член на Нокаут: „Дали Македонците можат да купуваат станови во Шпанија... „Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани. Само треба...
Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоб... „Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чука...
Мајка на дете со аутизам од Скопје: „Боли сине, кога те гледам како зборуваш со своите имагинарни пр... „Помина низ тешки операции, ја издржа болката на телото, но ја издржа и најголем...
„Дивее пожар во Скопска Црна Гора, цела ноќ сме под стрес, нашите кучиња се загрозени“ - Емотивна в... „Среде пожарот договоривме багер кој ќе ископа заштитен обрач од 3 метри околу ш...

Најчитани неделава