Вработените на Lactalis MK се грижат вашите омилени млечни производи да бидат достапни!

Во пресрет на моменталната ситуација, Лакталис МК ги уверува своите потрошувачи дека компанијата ги презема сите мерки за претпазливост со кои се намалува ризикот за ширење на вирусот Covid-19.

vrabotenite-na-lactalis-mk-se-grizhat-vashite-omileni-mlechni-proizvodi-da-bidat-dostapni-02.jpg

Превентивните мерки се преземаат со цел заштита на вработените, но и на купувачите, кои и понатаму ги очекуваат своите омилени производи од брендовите Алпско, Президент, Идеал Шипка, Дукат на нивната трпеза.

Како компанија која застапува повеќе брендови на прехранбени производи, Лакталис МК е целосно организирана за да обезбеди непрекината услуга за купувачите и ќе продолжи редовно да ги снабдува продажните објекти на целата територија на Северна Македонија. Исто така, Ве информираме дека магацинскиот простор на компанијата располага со доволно залихи за претстојниот период. Производните погони се беспрекорно организирани со цел да се обезбедат сите највисоки стандарди, а потрошувачите да добијат врвни производи.

Посебна благодарност сакаме да искажеме до сите вработени во Лакталис МК, кои со нивната професионалност, самоодговорност, трпение и мотивираност придонесуваат за ситуацијата да остане под контрола, несебично вложувајќи се во корист на крајниот потрошувач. Вие сте нашите херои!

Апелираме граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат до мерките на Министерството за здравство. Лакталис МК испраќа желби за добро здравје и брзо надминување на новонастанатата ситуација и истовремено им се заблагодарува на медицинските лица за нивната континуирана грижа во овие тешки моменти. Здравјето на прво место!

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те зн... „Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Тво...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...

Најчитани неделава