За сите кои не го гледаа - Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески сега достапен и на YouTube

Мјузиклот „Тајно моја“ ја дочека својата премиера во 2017-та, а доколку не сте го погледнале во живо, сега Имате можност да го глдате на YouTube во овие денови на домашна изолација.

mjuziklot-tajno-moja-vo-chest-na-toshe-proeski-sega-dostapen-i-na-youtube-001.jpg

Македонската пејачка Антониа Гиговска, која е дел од проектот, го објави мјузиклот на YouTube.

Овој мјузикл е проект направен во чест на нашата најголема македонска музичка ѕвезда, по повод 10-тата годишнина од неговата прерана смрт.

Приказната на мјузиклот се одвива на почетокот на 21-ви век и ја раскажува љубовната приказна на еден млад пар. Но, на нивната љубов им се закануваат нивните разлики.

Мјузиклот е базиран на најпопуларните музички хитови на Тоше, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Усни на усни“, „Игри без граници“…

Покрај Антониа, во мјузиклот се појавуваат и Денис Димоски, Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Арна Шијак, Дејан Лилиќ и многу други.

Мјузиклот е режиран од Тони Михајловски.

Целиот мјузикл сега е достапен и на YouTube, па може да го изгледате во првото слободно време:

https://www.youtube.com/watch?v=nvJs6Df6BzI

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава