„Шпаркасе Банка Македонија денес аконтативно го исплати данокот на добивка за 2020 година

Шпаркасе Банка Македонија се приклучи кон иницијативата од Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија и денес изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка во вкупен износ од 21.475.600 денари. 

sparkase-banka-akontativno-go-isplati-danokot-na-dobivka-01_630x340.jpg

Со приклучувањето кон оваа иницијатива, која обезбедува поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, Шпаркасе Банка Македонија го дава својот придонес за полесно премостување на првите ефекти од кризата предизвикана од коронавирусот ковид-19, како и за зголемување на капацитетите на надлежните државни органи за нивно непречено функционирање и спроведување на потребните мерки за заштита на населението во државата. Шпаркасе Банка Македонија ќе продолжи и понатаму да се однесува како одговорен корпоративен граѓанин на Република Северна Македонија и работејќи сите заедно да дадеме придонес кон минимизирање на негативните ефекти од коронавирусот.  

Во овие услови нашиот главен фокус е да овозможиме континуирана и квалитетна услуга на нашите клиенти преку 24-часовна достапност на нашите услуги за бесплатно вршење електронски плаќања, достапност на нашите експозитури со редовно работно време и широката мрежа од околу 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата низ државата. Стручниот тим на Шпаркасе Банка Македонија интензивно работи на развојот на концептите за олеснување на отплатата по основ на кредитните изложености на населението и компаниите и тие наскоро ќе бидат достапни преку веб-страницата www.sparkasse.mk.

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка Македонија“

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава