Остануваат уште два дена - Понудата од Тиго Фајнанс за промена на договорните услови за кредитни производи е достапна до 19 април 2020 година

Скопје, 17.4.2020 г - Тиго Фајнанс ги информира своите клиенти дека недела, 19-ти април 2020 година е последниот рок до кога клиентите треба да се произнесат доколку сакаат да ја одбијат понудата за промена на договорните услови за кредитни производи.

ostanuvaat-ushte-dva-dena-ponudata-od-tigo-fajnans-za-promena-na-dogovornite-uslovi-za-kreditni-proizvodi-e-dostapna-do-19-april-2020-godina-01.jpg

Имено, врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, финансиското друштво Тиго Фајнанс на 9-ти април 2020 година, ја објави Јавната понуда за промена на договорните услови за кредитни производи на компанијата, која важи за сите клиенти на Тиго Фајнанс кои се корисници на кредити по договорите за кредити кои се склучени и исплатени заклучно со 31 март 2020 година.

Официјалната понуда е објавена на веб страницата на Тиго Фајнанс на следниот линк, каде се повикуваат клиентите на нејзино детално разгледување и постапување согласно дадените насоки и евалуација за прифаќање или одбивање согласно нивните можности.

Клиентите кои сакаат да продолжат со редовна динамика на отплата, потребно е да ја одбијат истата, најдоцна до 19-ти април 2020 година, со испраќање на известување преку еден од следните начини:

- Известување по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку своите клиентски профили.

- Писмено известување по пошта или директна достава во архивата на Тиго Фајнанс

- Пополнување на формулар во сите филијали на Тиго Фајнанс

Клиентите кои ја прифаќаат понудата не е потребно да испраќаат известување до Тиго Фајнанс. Со прифаќање на понудата клиентите не се ослободуваат од плаќање на износите на нивните месечни ануитети или дел на нивните кредити, туку добиваат привремено намалени и одложени месечни ануитети. По истекот на рокот, односно после 30-ти јуни, остатокот ќе доспее за наплата.

 Согласно понудата, за времетраење на периодот на одложена наплата ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, а наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата. Оттука,  Тиго апелира до клиентите кои имаат можност да продолжат со редовната динамика на отплата на своите месечни ануитети, така и да продолжат, за да не се доведат во ситуација да имаат поголеми месечни ануитети во иднина од неопходното.

Повеќе информации и одговори на често поставувани прашања се достапни на следниот линк и во контакт центарот на Тиго на телефонскиот број 13 700.

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Антониа и Роберт никогаш позаљубени - се бакнуваат на плажа, пејачката го храни сопругот во неговиот... Иако ретко споделуваат приватни моменти во јавноста, преку видеото Роберт и Анто...
Маја Вукичевиќ емотивна за брат ѝ: „Колку и да сме далеку во Сиднеј, ни фалиш сè повеќе... Еден е бр... „Ти посакуваме пред сè челично здравје и со леснотија да тераш до 101...“, гласи...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Викторија Јаначковиќ: „Жените денес, за жал, сакаат да покажат дека се големи 'џекови'“ „Жени кои немале лошо искуство, кои биле сакани од посилниот пол, немаат потреба...

Најчитани неделава