Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство за одржување во функција на апаратите за респираторна нега

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на апаратите за респираторна нега кои се користат на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

bitolska-mlekara-so-nova-finansiska-pomosh-za-ministersvoto-za-zdravstvo-01.jpg

Ист тип донација за Клиниката на која се лекуваат најголем број пациенти заболени од вирусот Ковид-19, млекарата обезбеди и претходно, на почетокот на овој месец.

„Многу е важно медицинската опрема со која веќе располагаме како држава да биде во исправна состојба и во нормална функција. Токму затоа, согласно потребите на Министерството за здравство, се одлучивме повторно за ваков вид донација, за да може персоналот на Клиниката, кој секојдневно се бори за спасување човечки животи, да има опрема со која ќе продолжи со непречено пружање соодветна медицинска нега. Искрено се надеваме дека со ова ќе помогнеме да се спасат што повеќе заболени пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника “, велат од Бимилк.

Млекара Битола претходно донираше финансиски средства и за Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори кои беа неопходни за болницата во која, исто така, се лекува значителен број пациенти заболени од Ковид-19.

Компанијата, исто така, обезбеди и помош во производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од регионите на Дебар и Центар Жупа, во најкритичните моменти кога беа во целосна изолација, беше испратена донација од 3 илјади литри јогурт.

Битолска млекара беше и меѓу првите која одговори на апелот на Министерството за финансии и изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со цел да помогне за ликвидноста на државниот буџет и за реализација на мерките кои ги спроведува државата за ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава