Водич за негување на нервниот систем: Совет броj 1. Избегнувајте постојано читање на вести

Излегувањето од рутината, особено во ваков период, може да доведе до зголемување на стресот кај повеќето луѓе.

vodizh-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-sovet-broj-1-izbegnuvaje-postojano-chitanje-na-vesti-01.jpg

Неизвесноста во која што живееме не тера постојано да бидеме загрижени и многу често се случува тоа да прерасне во анксиозност. Затоа е особено важно што помалку да бидеме изложени на информации кои дополнително можат да не’ вознемират. Иако импулсивно поради вонредната состојба, често посегнуваме кон постојано читање на вести поврзани со актуелната криза, потребно е да развиеме механизам со кој нема да дозволиме да влеземе во замката од вртлогот на информации.

Анксиозноста во голем број истражувања се поврзува со манифестација на болки во грбот, половината и мускулите, кои најчесто се показател дека ни страда периферниот нервен систем. Акумулацијата на прекумерен стрес го спречува хранењето на нервниот систем со сите потребни состојки за истиот да функционира нормално, во краен случај истото се манифестира со болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки.

Токму од тие причини во вакви вонредни услови, за да го сочуваме нервниот систем потребно е што помалку да се изложуваме на стрес, а истиот во голема мера го предизвикува прекумерната изложеност на стресни вести и информации. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка. Запомнете:

Прекумерното читање на вести нема да ја промени нити подобри ситуацијата, но може да го промени и наруши вашето здравје, а пред се вашиот нервен систем.

vodizh-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-sovet-broj-1-izbegnuvaje-postojano-chitanje-na-vesti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...

Најчитани неделава