Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 13.06.2020: Рекорден број новозаболени - 196 потврдени случаи

Во Македонија денес рекорден број на новозаболени - 196 потврдени случаи, од кои најмногу во Скопје - 90 и Тетово - 45. 

sostojba-vo-makedonija-13-06-2020-01.jpg

Во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 90
- Куманово 17
- Штип 5
- Прилеп 1
- Тетово 45
- Струга 8
- Велес 1
- Битола 4
- Охрид 11
- Гостивар 8
- Крива Паланка 1
- Пехчево 2
- Свети Николе 1
- Ресен 2

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

- Скопје 3
- Куманово 1
- Штип 2
- Прилеп 4
- Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

sostojba-do-13-06-2020-rekorden-broj-novozaboleni-196-potvrdeni-sluchai.jpg

Би можело да ве интересира:

Ребека со емотивна објава: „Панчо е со влошена состојба, вдишал многу топол дим, да се помолиме за с... „Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарат...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Наум Петрески скршен од болка по смртта на Андреј ДНК - Од случајно познанство до големо пријателств... На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена ...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Почина Андреј Ѓорѓиески од ДНК – го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани Андреј Ѓорѓиески го загуби животот на 43-годишна возраст, во трагичната несреќа,...
Кристина Арнаудова од Италија во Банско - го покажа згодното тело, учи да пука (фото) „Како за некој што не фатил оружје, три од три е јака бројка“, напиша Арнаудова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg