Филипче: „Медицинскиот персонал е преморен, добивме лек донација од Јапонија“

Министерот Филипче денес одржа прес-конференција на која ги кажа најновите детали за состојбата во Македонија.

filipche-pres-konferencija-22-06-2020-01.jpg

Во болницата 8-ми септември хоспитализирани се 12 нови пациенти во последните 24 часа, вкупно 132, од кои 6 на респираторна машина.

Во Клиниката за инфективни болести во последните 24 часа хоспитализирани се 13 пациенти, а вкупно има 106, од кои на кислородна поддршка се 49.

Во мобилната болница до Клиниката има 11 пациенти, во Козле 1 возрасен пациент.

Во болницата во Битола 33, во Штип 20 и на останатите во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп у Гостивар 76.

13% од вкупниот број активни случаи се хоспитализирани, а 87% се на домашно лекување или асимптоматски.

И покрај големиот број хоспитализирани пациенти, уште има капацитет во болниците.

Медицинскиот персонал е навистина преморен, ние правиме реорганизација и ротација на персоналот, и ова засега добро функционира, системот може да го одржиме, но не може без помош од граѓаните и почитување на мерките.

Од анализата на случаите, според извештајот од вкупниот број на позитивни случаи од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје и Тетово. Тие два града се најголеми жаришта во државата.

Во овие 7 дена заболени се пациенти на сите возрасни групи, најзастапена е онаа над 60 години, 24,2% а секако има и помлади лица заболени.

Во однос на статистика за смртни случаи, во овој период најголем дел се на возраст над 63 години (83%), а останатите се со бројни хронични заболувања.

Денес преку итна неповратна помош, преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот Favipiravir, за земјите погодени од вирусот. Добивме Avigan за 100 пациенти, а станува збор за антивирусна терапија која се користи за инфлуенцата во Јапонија од 2014-та и уште не е одобрен за ковид-19, во тек се многу клинички испитувања, но од искуства веќе има добри резултати во повеќе земји и за пациенти со ковид-19. Се препишува после бројни анализи на крвта на пациентот.

Утрово на состанокот на Комисијата разговаравме за дополнително попуштање на мерките, кои даваат забрана за работа на некои економски оператори. Донесено е одлука да се предложи до Владата да се отворат казината и автомат клубовите, да профункционира јавен превоз во Тетово и кон крајот на оваа недела и отворање на теретани и фитнес центри, со веќе утврдени протоколи.

За отворањето на границите дополнително ќе се разговара денес и утре. Епидемијата е во полн ек, состојбата во регионот укажува дека во сите земји има пораст на случаи.

Денешната состојба во Македонија со корона вирусот погледнете ја ТУКА.

Следете ја прес-конференцијата тука:

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава