Гевино поставува нова реалност: Огромен интерес за вината на Гевино

Гевино претставува вистинско освежување во македонската винска индустрија. Уникатноста и квалитетот на нивните вина веќе полека но сигурно станува нивен заштитен знак.

gevino-pretstavuva-nova-reanost-ogromen-ineres-za-vinata-na-gevino-01.jpg

Овој млад тим лани ги претстави специјално дизајнираните вина за слава коишто подолго време се присутни по маркетите и веќе претставуваат прв избор за поводот за кој се наменети, а годинава по мартовското претставување на “Чаршиско”, вино кое во секоја смисла на зборот претставува спој на традиција и квалитет, вино кое во себе носи дух на дружба, слога и единство, Гевино ја претставува и својата најнова линија насловена За твојот специјален ден”. Истата ја сочинуваат сортни вина со специјално дизајнирана етикета придружена со специјално дизајнирано пенкало.

Идејата е на секое едно вино, потрошувачот да остави свој личен траг, односно како што велат од Гевино, рачно напишаниот збор вреди повеќе од илјада испечатени! На идејата е работено повеќе од 6 месеци, внимателно бирајќи го секој еден елемент, од избор на вино, до најситните детали и изборот на самата хартија којашто со сигурност ќе го овековечи напишаното после многу години сосема исто како и првиот ден. Овие вина се наменети за сите оние кои што сакаат спој од квалитет и уникатност, модерен дизајн со автентична, лична црта.

gevino-pretstavuva-nova-reanost-ogromen-ineres-za-vinata-na-gevino-02.jpg

Поводот може да биде најразличен, од роденден и слава, па се до најобичен ден за некому да се подари внимание. Истите ќе бидат пласирани во редовна продажба низ повеќе од 300 малопродажните маркети и ланци ширум Републиката меѓу кои и Тинекс маркетите во Скопје и Сет Унион маркетите во источниот дел на Македонија кадешто веќе се наоѓа целокупната досегашна линија на Гевино.

“Ги повикуваме сите кои сакаат да се приклучат кон Гевино предизвикот и со свој личен придонес да остават траг на нашите нови вина. Секој ден, почнувајќи од 24.06.2020 година во времетраење од две недели, до 08.07.2020 година, ќе избираме најкреативен пост со некои од нашите вина со хештаг #gevinochallenge. Секој ден ќе доделуваме вино по избор доставено до домашна адреса, а на 09.07.2020 година постот којшто собрал најмногу лајкови на социјалните мрежи ќе добие вредносен ваучер од 3.000 денари. Со ова на некој начин сакаме да ги стимулираме нашите потрошувачи да купуваат македонски производи, нешто што е од исклучителна важност за нашата економија, посебно во овој период” вели Дејан Мишковски сопственик на Гевино.

gevino-pretstavuva-nova-reanost-ogromen-ineres-za-vinata-na-gevino-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава