Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Апликацијата МојДДВ со која се врши скенирање на фискални сметки за поврат на ДДВ кај физичките лица, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.

aplikacijata-moj-ddv-sega-dostapna-i-na-app-gallery-na-huawei-01.jpg

AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Оттаму е нормално што во понудата на AppGallery се најде и апликацијата МојДДВ која во нашата земја веројатно е една од најкористените. Според последните податоци од Управата за јавни приходи, во последното тромесечје, кое заврши на 30 јуни, регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5,44 милиони евра. На крајот на март, апликацијата имаше 262.030 корисници.

Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei – AppGallery, сите апликации кои се поделени во 18 категории, вклучувајќи финансиски, трговски апликации, апликации за патувања и друго, се развиваат со највисоко ниво на безбедност. Галеријата гарантира безбедност на апликацијата преку механизми за верификација и заштита на четири нивоа.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei - AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации. AppGallery обезбедува целосна безбедност и заштита, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурното функционирање на апликацијата. AppGallery нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.

Би можело да ве интересира:

Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Мајка на дете со аутизам од Скопје: „Боли сине, кога те гледам како зборуваш со своите имагинарни пр... „Помина низ тешки операции, ја издржа болката на телото, но ја издржа и најголем...
„Дивее пожар во Скопска Црна Гора, цела ноќ сме под стрес, нашите кучиња се загрозени“ - Емотивна в... „Среде пожарот договоривме багер кој ќе ископа заштитен обрач од 3 метри околу ш...
Теа Томовска, едукатор и рехабилитатор со моќен апел: „Тој што ја смислил изреката 'ќотекот од рајот... „Тој што ја смислил изреката ЌОТЕКОТ доаѓа од рајот изгледа не размислил и не по...
Драгана Левенска со скршеница на раката, по судир со тротинет: „Со дечкото се разбравме, но апел за ... „Дечки, со тротинетите внимавајте и не излегувајте од секоја страна. Добив скрше...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...

Најчитани неделава