Полугодишни резултати на Атлантик Група – потврда за стабилноста на деловниот модел

Загреб, 28 јули 2020  - Во контекст на целокупното економско нарушување предизвикано од пандемијата COVID 19, стратегијата и работењето на Атлантик Група покажаа високо ниво на стабилност во текот на првите шест месеци од оваа година.

polugodishni-rezultati-na-atlantik-grupa-potvrda-za-stabilnosta-na-delovniot-model-01.png

Атлантик Група во првото полугодие од 2020 оствари 327,9 милиони евра приход од продажба, што во споредба со минатата година претставува пад од вкупно 0,9%, а кога ќе се земе предвид дезинвестирањето од одредени сегменти во работењето[1] во текот на изминатата година, тогаш вкупниот пад изнесува 4,5%.

Нормализираната добивка од работењето (EBIT) во овој период изнесува 31,6 милиони евра и е пониска за 5,5%, додека нормализираната нето добивка во одност на првите шест месеци лани е пониска за 3,7% и изнесува 24,2 милиони евра. Овогодишните резултати дополнително се оптеретени со 4,6 милиони евра еднократни трошоци кои во најголема мера се однесуваат на донации и други трошоци поврзани со спречување на ширењето на глобалната пандемија.

„Кризата предизвикана од пандемијата со корона вирус значително го промени работењето на многу компании и дури влијаеше на промени во однесувањето на потрошувачите. Атлантик Група, благодарение на диверзифицираното портфолио со моќни брендови, покажа во голема мера дека е отпорна на кризата предизвикана од пандемијата и во првото полугодие оствари одлични деловни резултати.

Мерките кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на пандемијата резултираа во очекуван пад на продажбата во ХоРеКа сегментот, како и пад на потрошувачката на производи наменети за консумација надвор од дома и тн.импулсен сегмент, но наведените негативни влијанија во голем дел беа надокнадени со исклучително добри резултати на стратешката бизнис област (СБО) Деликатесни намази, ланецот аптеки Farmacia и бизнис областа Donat Mg.

Оптимизирањето на деловните процеси, стабилната финансиска позиција и квалитетното стратешко управување ни овозможија да ја одржиме сигурноста на работните места, да го зголемиме задоволството и ангажираноста на нашите вработени во новонастанатите услови преку работа на далечина и предизвикувачка работа на терен, па така да ги одржиме деловните резултати со минимални негативни последици“, коментираше Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група. Тој истакна и дека компанијата продолжува со планираните капитални инвестирања во производна опрема и дигитализација на работењето, а со цел да ја зголеми ефикасноста и дополнително да ги зајакне своите брендови.

Најголем раст забележаа Argeta, Donat Mg, како и клучните пазари во ЕУ

Најголем пораст на приходите од продажба во првото полугодие остварија Деликатесните намази со раст од 21,4% и Donat Mg со раст од 2,5%. Кафето со 66,8 милиони евра остварен приход од продажба, што претставува 20,4% од вкупните приходи, се истакнува како најголема поединечна категорија, а во првата половина од годината, најмногу поради контракциите на приходите од ХоРеКа каналот, оствари пад од 6,0%. Меѓу пазарите со најзначаен раст се истакнаа Словенија, Македонија и Косово, а забележителен раст постигнаа и клучните пазари во ЕУ, посебно Австрија и Швајцарија, предизвикани од растот на продажбата на брендовите Argeta и Smoki. Сопствените брендови сочинуваат 64% од вкупната продажба, а принципалските брендови за дистрибуција 26,8%. Ланецот аптеки Farmacia сочинува 9,2% од вкупните приходи.

polugodishni-rezultati-na-atlantik-grupa-potvrda-za-stabilnosta-na-delovniot-model-03.jpg

Фокус на понатамошно спречување на заразата и непречено производство

Благодарение на стабилната финансиска позиција, преку зачувување на работните места и платите, компанијата можеше активно да се вклучи и да даде помош во борбата против коронавирусот преку донирање на вкупно 3,7 милиони евра за спречување на пандемијата на клучните пазари.

Во првата половина од годината се одржа и Главното собрание на Атлантик Група на кое беше донесена одлука за исплата на дивиденди за 2019 година во износ од 25 куни по акција, односно севкупно 11,1 милиони евра, колку што им беа исплатени на акционерите во текот на месец јули.

Бројни независни истражувања ја потврдија успешноста на целосната компаниска стратегија така што Атлантик Група, помеѓу се’ останато, во изборот на компании на MojPosao беше прогласена за петтиот најпосакуван работодавец во Хрватска, додека Cedevita според истражувањата на агенцијата Ipsos беше избран како најбаран бренд во категоријата на безалкохолни пијалаци во Хрватска и Словенија, како и втор најбаран во Србија.

[1] Продолжувајќи ја корпоративната стратегија на дезинвестирање од non-core деловните активности, Атлантик Група во 2019 година целосно отстапи од сегментите на спортска и активна прехрана (Multipower), додатоци во исхрана (Dietpharm и Multivita), како и дистрибуција на вода во галони. Компанијата го стави фокусот на главните категории на роба од широка потрошувачка кои ги сочинуваат кафето, пијалаците, деликатесните намази, слатките и солени закуски, како и на понатамошен раст и развој на дистрибуцијата на ланецот аптеки Farmacia. Тоа ја вклучува и целната интернационализација со брендовите кои го докажаа својот меѓународен потенцијал.

polugodishni-rezultati-na-atlantik-grupa-potvrda-za-stabilnosta-na-delovniot-model-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Денес се слави Митровден – Денот што предвидува каква ќе биде зимата Ако на Митровден падне снег, тој ќе се задржи сѐ до април. Кои народни верувања ...
Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д...
Цеце Николова: „Пред една година излегов од дома без перика и повеќе не ја ставив - сега дури и коса... „Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ј...
Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите,... „Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и д...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg