Mozzart со донација за здравствените работници во Институтот по белодробни заболувања Козле

Продолжуваат хуманитарните акции на компанијата Mozzart Bet, која периодов обезбедува и организира испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал кој е директно инволвиран во борбата против коронавирусот.

mozzart-so-donacija-za-zdravstvenite-rabotnici-vo-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-01.jpg

Овој пат донацијата е наменета за Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, кој од средината на јуни, хоспитализира и возрасни пациенти со Ковид-19. Досега компанијата Mozzart Bet има испорачано повеќе од 2 тони свежо овошје, наменето за болниците ширум државата. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на нашите херои – здравствените работници кои водат деноноќна борба со коронавирусот.

„Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа.“ – изјавија од Институтот по белодробни заболувања Козле.

mozzart-so-donacija-za-zdravstvenite-rabotnici-vo-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-02.jpg

Од Mozzart велат дека оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

„Оваа донација е само уште една во низата акции на компанијата Mozzart, која на овој начин продолжува со својата мисија да даде поддршка на нашите херои – здравствените работници, кои битките за човечки животи деноноќно ги водат под визири и скафандери во повеќемесечна борба. Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници. Продолжуваме и понатаму со реализација на овие акции во болниците низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

mozzart-so-donacija-za-zdravstvenite-rabotnici-vo-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-03.jpg

На предавањето на донацијата присуствуваше и претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во која членува компанијата Mozzart.

„Оваа хуманитарна акција на Mozzart е само уште една потврда на општествената одговорност која ја има АСОМ и нејзините членки кон заедницата. И во мигови кога имаме редовно работење и во мигови кога сите се соочуваме со кризата со Ковид-19, тука сме ние, како Асоцијација и нашите членки да ја дадеме целосната поддршка на здравствениот систем, но и на пошироката заедница и граѓаните, онаму каде што е потребно.“ – изјави Васко Илијевски, Претседател на АСОМ кој присуствуваше на предавањето на донацијата на Mozzart.

mozzart-so-donacija-za-zdravstvenite-rabotnici-vo-institutot-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-04.jpg

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...

Најчитани неделава