Македонија претставена како врвна дестинација на Lonely Planet со двеминутно видео

Со двеминутно промотивно видео, Република Северна Македонија е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet.

makedonija-pretstavena-kako-vrvna-destinacija-na-lonely-planet-so-dveminutno-video-01.jpg

Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебна секција наречена “Daydreaming during Covid” – секција во која авторитет во туристичката индустрија ја инспирира својата милионска публика од цел свет да посетат различни дестинации, вклучително и РС Македонија.

Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата, искусувајќи го адреналинот и храната, ветрот при едрење или брзината при кајакарење, не изоставајќи ја можноста при тоа да се посетат историските знаменитости, лозови насади, неоткриените села... со една и единствена порака: Најди ја сопствената авантура! #alliNMacedonia.

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Истото претставува сиже од 10-те промотивни видеа кои АППТ и ИМЕ ги подготвија во рамки на кампањата „Дома си е дома“ и каде се претставени 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Целта на кампањата „Дома си е дома“ е да ги поттикне домашните туристи да поминат активен одмор во домашните дестинации, а до тоа да се придонесе за поддршка на домашните чинители во туризмот (туроператори, сместувачки капацитети, ресторани, превозници итн.) и поддршка на домашната економија, како одговор на кризата предизвикана од Ковид-19.

Видеото можете да го погледнете ТУКА (логирајте се со некоја од понудените опции на линкот за да го видите видеото).

makedonija-pretstavena-kako-vrvna-destinacija-na-lonely-planet-so-dveminutno-video-02.jpg

Со ова видео, Република Северна Македонија за првпат се појавува со самостојна објава на престижниот Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од нивни едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко. Пред неколку месеци, Северна Македонија се најде и на нивната топ листа на 10 најдобри дестинации за посета во 2020.

Како што пишува Lonely Planet:

“...Република Северна Македонија е реномирана гастро дестинација и со отпочнување на нови авионски рути, нуди бројни причини за да се истражи. Очекувајте “WOW” вредни локации за пешачење низ драматични врвови и недопрени природни чуда.“

makedonija-pretstavena-kako-vrvna-destinacija-na-lonely-planet-so-dveminutno-video-03.jpg

Овие активности се дел од заедничките напори на АППТ и програмата ИМЕ за поддршка и промоција на туризмот во РС Македонија и претставување на земјата како врвна дестинација за активен туризам пред домашните и странските гости.

Очекувањата за наредната 2021ва година е активниот туризам да биде во фокусот на домашните и странските туристи, што ултимативно ќе помогне за развој на малите бизниси и креирање на нови работни места, помагајќи и на туристичката индустрија да постигне повисок степен на самоодржливост.

makedonija-pretstavena-kako-vrvna-destinacija-na-lonely-planet-so-dveminutno-video-04.jpg

makedonija-pretstavena-kako-vrvna-destinacija-na-lonely-planet-so-dveminutno-video-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава