НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит - мКлик кредит

НЛБ Банка, преку онлајн настан на социјалните мрежи, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство- мКлик кредит.

nlb-banka-voveduva-prv-i-edinstven-mobilen-kredit-mklik-kredit-01.jpg

Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон.

Преку НЛБ мКлик кредитот клиентите можат многу едноставно и брзо, во само неколку чекори, да аплицираат и да добијат кредит преку НЛБ мобилното банкарство. Процесот е целосно дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и без дополнителна документација.

„Во последните неколку месеци, во услови на пандемија интензивно работевме на унапредување на дигиталните канали со цел поголема достапност на услугите на Банката и подобрување на корисничкото искуство, како и заштита на нашите клиенти и вработени. Како резултат на повеќемесечен ангажман, денес го воведуваме мКлик кредитот – прв и единствен целосно дигитализиран кредит преку мобилен телефон. Со ова направивме значителен исчекор во дигитализацијата на нашите продукти, а на клиентите им даваме единствена можност за користење на кредит согласно нивните потреби, од било кое место и во било кое време.”- истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

НЛБ мКлик кредитот е наменет за приматели на плата или пензија во Банката, а за да можат клиентите да аплицираат, потребно е да имаат избрано мКлик пакет со привилегија за плаќање. По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

Преку мКлик кредитот, мобилно банкарство е збогатено со дополнителна и значајна функционалност и со тоа сѐ повеќе станува незаменлив дел од секојдневието на клиентите кои на овој начин можат да ги вршат сите банкарски трансакции од комфорноста на својот дом.

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
Викторија Лоба со моќна порака: „Земаш телефон и се споредуваш со цел свет, па си мислиш ‘Не сум дов... „Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.&...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Наша адвокатка откри дека ја контактирала Македонката чиј сопруг ја уби во Италија: „Милена, зошто н... „Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бриш...

Најчитани неделава