Нутритивна вредност на супер лебовите

Во маркетите низ државата постои голема понуда и широк асортиман на различни видови лебови, па голем дел од потрошувачите се во дилема како да го изберат најсоодветниот, што ќе одговара на нивниот вкус, а кој во исто време ќе им обезбеди и правилен начин на исхрана?

nutritivna-vrednost-na-super-lebovite-01.jpg

Интегралните лебови кои се сметаат за подобар избор во исхраната, поради што се застапени и во многу видови диети, се најчест избор на луѓето кои се поборници за здрав начин на исхрана.
Овие лебови се направени од цели зрна жито што е и нивна основна предност бидејќи со обработката житото ја губи својата хранлива вредност.

Здравствените придобивки од консумирање интегрални лебови се добро варење, редовно празнење на цревата и намалување на лошиот холестерол. Тие имаат и значително поголема количина витамин Б, што е исклучително важно за метаболизмот на јаглени хидрати, но и за квалитетот на кожата и ноктите. Дополнителна причината зошто треба да се јадат интегрални житарки е што тие успешно го контролираат нивото на шеќер во крвта. Кога станува збор за губење тежина, влакната се клучни за секоја диета, а бидејќи цели зрна содржат повеќе влакна, на тој начин обезбедуваат чувство на ситост.

Жито Лукс како најголем производител на леб и брашно во земјава, на пазарот неодамна пласираше нова категорија специјални интегрални лебови со висока нутритивна вредност: Интегрален леб со супер житарки - из’ртени овес и спелта, Интегрален леб со супер семки - чија и тиква и Интегрален леб со супер зрна - хељда и амарант. Овие лебови се произведени со природни, минимално процесирани состојки, дополнително збогатени со „супер состојки“, познати уште како „super foods“ - чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант. Секоја од овие „супер состојки“ носи дополнителна благодет за организмот и ги прави овие лебови навистина „супер лебови“.

Хељдaта е природен извор на феноли, фитостероли, диететски влакна, витамини и минерали како и антиоксиданси и незаситени масни киселини. Во комбинација со амарантот, кој е природен извор на висококвалитетни протеини, претставуваат одлична основа за здрав и вкусен оброк. Из’ртената спелта е позначајна од обичната пченица бидејќи содржи повеќе протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали. Оваа житарка заедно со из’ртените овесни зрна кои содржат квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, како бета-глукани и фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер, се вистински избор за енергичен почеток на денот. За чијата е познато дека претставува богат извор на омега-3 (масни) киселини, антиоксиданси и растителни влакна. Заедно со семките од тиква, кои се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли, се одлична комбинација за избалансирана исхрана.

Вклучувањето на интегралниот леб во дневното мени, особено ако е збогатен со „super foods“, е одличен начин да му се даде сигнал на организмот дека се грижиме за неговата благосостојба.

nutritivna-vrednost-na-super-lebovite-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Снеже Велков со моќна објава: „Убавице, престани да чекаш погрешен човек да те сака на вистински нач... „Лепотице... Престани да се радуваш дека ти пиша од нигде никаде, доста ста...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Ивана Кнез, нерасположена, си направи празнични фотки со AI: „Збогум 2025-та, ми го искрши срцево не... Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откак...

Најчитани неделава