Испратете фотографија на тема „50 нијанси воздух“ и добијте награда

„Еко-свест“ и Амбасадата на Кралството на Шведска од денеска дo 15 октомври ќе изберат најдобра фотографија на темата „50 нијанси воздух“ со цел да се подигне свесноста за квалитетот на воздухот во нашата земја.

ispratete-fotografija-na-tema-50-nijansi-vozduh-i-dobijte-nagrada-02.jpg

Сите фотографии кои ги исполнуваат критериумите, ќе бидат дел од патувачката фото-изложба која ќе може да се види во јавниот превоз во Скопје, а првонаградениот ќе добие прочистувач за воздух Blue Air. За второто место е обезбеден термос, планинарско ранче, фитнес маичка, а третонаградениот ќе добие планинарско ранче, маичка, торба за пазарење, ѕвонче за велосипед.

- Урбаните средини стануваат сé понаселени, а со тоа и позагадени, со негативно влијание врз човековото здравје. Затоа, сите мора да покажат посветеност ваквата состојба да се промени, а градовите да се трансформираат во зелени, енергетски ефикасни, безбедни и здрави места за живот, на овие, и на следните генерации, велат од  „Еко-свест“.

Сите заинтересирани ќе можат да испратат фотографија која најдобро ја прикажува состојбата со квалитетот на воздухот во нашето опкружување кои прикажуваат позитивни и негативни примери во околината. 

- На фотографијата треба да биде прикажано Вашето доживување на квалитетот на воздухот кој го дишете, негативните страни на загадениот воздух, но и позитивен пример за тоа како Вие го решавате проблемот со аерозагадување и влијаете за негово намалување, се вели во повикот.

Во натпреварот можат да учествуваат лица, кои се полнолетни (постари од 18 години) на денот на пријавување во наградниот натпревар и ги исполнуваат условите за учество во наградниот натпревар.

Сите детали и критериуми можат да се прочитаат на веб страницата на Еко-свест www.ekosvest.com.mk

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...

Најчитани неделава