НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра.

nlb-banka-so-novi-kreditni-produkti-za-poddrshka-na-konkurentnosta-i-energetskata-efikasnost-01.jpg

Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за правни и физички лица со цел да им обезбедат соодветната поддршка за инвестиции за енергетската ефикасност и подобрување на конкурентноста.

Во рамки на кредитната линија за енергетска ефикасност која е наменета за физички лица, НЛБ Банка воведе два кредитни продукти за поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго Потрошувачки кредит за енергетска ефикасност, на износ до 25.000 еур и Енерго Хипотекарен кредит за енергетска ефикасност, на износ до 50.000 еур.

Овие кредитни продукти се наменети за инвестиции во изведба или реновирање на куќа или стан, а со цел постигнување енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија. Со овие кредитни продукти можат да се финансираат: енергетски ефикасни прозори и врати, топлинска изолација на надворешни ѕидови, под или кров, топлински пумпи, котли на биомаса или гас, фотоволтаични системи и слично.

Преку кредитната линија за правни лица Конкурентност +, НЛБ Банка овозможува поддршка на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (според ЕУ дефиниција). Инвестициите може да бидат исто така со сферата на енергетската ефикасност, но освен тоа подобни се и инвестиции во индустриски објекти кои ќе овозможат подобрување на производствените капацитети (опрема, софтвер), зајакнување на процесите и квалитетот на производите како и подобрување на конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди во согласност со ЕУ законодавството.

Како дополнителна придобивка на новите кредитни продукти е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20% за физички лица и 15% за правните лица. Покрај ова правните лица ќе имаат можност и за консултантски услуги преку тим од локални и меѓународни експерти ангажирани од ЕБОР кои ќе овозможат бесплатно техничко советување, како и техничка помош во областа на одобрување и верификација на проектите.

Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, додека Програмата за финанирање на зелена eкономија (GEFF) е поддржана од ЕУ, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на веб страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Би можело да ве интересира:

Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Каде е и што прави денес Трајче Ѓоргиев од „Пинкови ѕвездички“: „И 10 години по шоуто, ме препознава... Едни од најубавите спомени поврзани со шоуто ми се оние кога по моите настапи, ж...
Моника Црнокрак вторпат на избор за Мис на Европа - Блеска од убавина, татко ѝ Мики голема поддршка ... Откако во 2023 ќерката на Светле и Мики Црнокрак ја понесе титулата Мис фотогени...

Најчитани неделава