Пакомак доби продолжување на дозволата од Министерството за животна средина

Компанијата за селективно одложување на отпад Пакомак доби продолжување на дозволата за колективно постапување со отпад од пакување за дополнителни 5 години, откако Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно го оцени нивниот годишен извештај за 2019 година како и сите останати во изминатите години.

pakomak-dobi-prodolzhuvanje-na-dozvolata-od-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina-01.jpg

Тоа се должи на континуираните активности извршени во текот на изминатите неколку години, пред се’ на инвестициите во инфраструктура за собирање на амбалажен отпад, но и на многубројните едукативни кампањи реализирани за подигање на јавната свест кај населението. Ова за Пакомак е второ продолжување на дозволата за работа, откако претходно доби петгодишно продолжување и во 2015 година.

Во моментов Пакомак има склучено договори за постапување со 868 компании, кои според доставениот извештај за 2019 година заедно пуштаат на пазарот повеќе од 50.000 тони отпад од пакување. Како прв и најголем постапувач со отпад на територијата на Северна Македонија, Пакомак останува единствената компанија со дозвола за работа до 2025 година што претставува голема сигурност за сите компании членки на системот на Пакомак.

pakomak-dobi-prodolzhuvanje-na-dozvolata-od-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina-02.jpg

„Предизвикот за зачувување на природните богатства и околината го прифативме како наша основна задача во работењето, со што сметаме дека придонесуваме за подобар живот не само на сегашните жители на земјата, туку и на оние од следните генерации. Проектите, акциите и кампањите кои ги реализиравме се работи кои не’ прават горди и сме сигурни дека во иднина тие ќе бидат уште побројни и нивниот ефект ќе биде уште поширок. Но, без поддршката од граѓаните, нашите клиенти и локалните самоуправи нашата работа би била залудна, па затоа често потсетуваме колку е важно отпадот да се селектира и правилно да се одложува каде што му е местото, да се бараат и користат соодветните контејнери, бидејќи на тој начин заеднички учествуваме во борбата за подобра и почиста животна средина. Продолжувањето на оваа дозвола не’ охрабрува и таа ќе ни овозможи да планираме однапред, да се подготвиме за предизвиците кои следуваат и да го одржуваме темпото кое се обидуваме да го зголемиме од ден на ден“, велат од Пакомак.

Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад во изминатата година создале вкупно 50.377 тони отпад од пакување, што претставува 43,78% од вкупниот удел на пазарот, кој изнесува 115.000 тони амбалажен отпад за 2019 година. На овој начин Пакомак придонесува за реупотреба на амбалажните материјали, што резултира во заштеда на природните ресурси, а со тоа и за заштита на чистата и здрава животна околина.

pakomak-dobi-prodolzhuvanje-na-dozvolata-od-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina-03.jpg

Пакомак соработува со голем број општини во земјата и посветено работи на обезбедувањето подобра отпадна инфраструктура преку бројните проекти и инвестиции. Почнувајќи од поставувањето на садови за собирање на хартија, пластика и стакло, па се’ до донирањето на камиони за собирање на отпад – Пакомак ја истакнува важноста на грижата за локалните заедници, но ја проширува соработката и надвор од границите на земјата. Партнерството со ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка) со цел подобрување на мрежата за рециклирање на стакло веќе роди со резултати и овој проект се прошири низ неколку градови во Северна Македонија.

Сите овие активности, донации и едукативни кампањи реализирани од страна на Пакомак придонесоа за МЖСПП да ја продолжи нивната Дозвола за колективно постапување со отпад од пакување и во наредните 5 години. Мисијата за создавање на чиста, здрава и одржлива животна средина е приоритет на Пакомак, компанија која со своето учество во ланецот на селектирање на отпадот активно ја подобрува еколошката состојба на нашата земја.

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...

Најчитани неделава