MOZZART со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола

Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола. Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.

mozzart-so-donacija-na-televizori-vo-klinichkata-bolnica-vo-bitola-01.jpg

Донацијата за Клиничката болница во Битола е дел од големата хуманитарна кампања на Mozzart во која тие донираат телевизори во различни установиширум целата држава, меѓу кои болници, домови за згрижување деца, домови за нега на стари лица, студентски домови, градинки и други установи и организации.

„Компанија Mozzart постојано го поддржува здравствениот систем преку различни акции и хуманитарни кампањи. Секоја донација дадена во финансиски средства или материјални добра е од голема вредност онаму каде што е потребна. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции кои ги спроведуваме периодов, а продолжуваме и понатаму со исто темпо. Со овие телевизори, се надеваме дека ќе помогнеме на пациентите да имаат поудобен престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

„Огромна благодарност до компанијата Mozzart која повторно во своите хуманитарни кампањи ја вклучува и нашата болница, овојпат со телевизори, а пред неколку месеци и со финансиска помош од 5.000 евра за полесно справување со пандемијата од Ковид-19. Секоја донација ни е добредојдена во овие моменти, а ќе придонесе кон подобро функционирање на болницата. Се надевам дека и другите стопански субјекти во градот ќе го следат примерот во општествената одговорност.“ – истакна директорката на клиниката, Д-р Билјана Гагачовска.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и понатаму продолжува со хуманите гестови.

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...

Најчитани неделава