Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет млади лица ги реализираа нивните бизнис идеи преку грантовите за почнување бизнис на ПСМ Фондација

ПСМ Фондација заедно со проектниот конзорциум во состав на проектот „Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“ (БалканМед ИННОВА) успешно финансираше, менторираше и обучи 5 стартап компании, млади лица чии бизнис идеи беа наградени со грантови за почнување бизнис со вкупен фонд од 20.000 евра.

pet-mladi-lica-gi-realiziraa-nivnite-biznis-idei-preku-grantovite-za-pochnuvanje-biznis-na-psm-fondacija-01.jpg

Добитниците на грантовите се победници на натпреварот за бизнис планови, млади лица од Македонија, кои учествуваат во онлајн акцелераторска програма за почнување бизнис.

За учество на програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја, а истата содржеше 5 фази: прва фаза – пред-акцелераторска програма со одржани вебинари за генерирање на бизнис идеи, втора фаза за подготовка на бизнис канвас, третата фаза во која се вршеше селекција на 10 најдобри бизнис идеи, по што во четвртата фаза истите беа менторирани од експерти во областа за развој, и конечно петтата фаза бизнис план натпревар, каде 5 најдобри идеи добија финансиска поддршка за почнување на нивните бизниси.

pet-mladi-lica-gi-realiziraa-nivnite-biznis-idei-preku-grantovite-za-pochnuvanje-biznis-na-psm-fondacija-02.jpg

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија финансиска поддршка по 4.000 евра за почнување на сопствените бизниси се:

Беровко, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини

Анти-стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби

Еден живот, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор

Камера Обскура, основач Нена Минчев - Центар за медиуми и забава – креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции

Маткасе, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits)

Компаниите успешно ги искористија финансиските средства доделени од ПСМ Фондација, а истите беа употребени за набавка на опрема, материјали и услуги со цел започнување на бизнисите. Компаниите активно ги имплементираат нивните бизнис активности, соработуваат со маркетинг агенции и започнуваат со промоција со цел запознавање на пазарот и купувачите со нивните услуги.

Проектот, кој започна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијални стартапи.

Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта беше да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Активностите беа спроведени преку проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Ивана Кнез: „Мудрував како да се ослабе, а си го колабирав организмот до фаза на клиничка смрт“ „Не 'ждери', не јади затоа што те изневерува партнерот, зашто не ти оди на работ...
CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки? „Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден....
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg