Во тек се уписите за мастер студии на Меѓународниот балкански универзитет

Третиот уписен рок за програмите на постдипломски (мастер) студии на Меѓународниот балкански универзитет е во тек и ќе трае до 23.10.2020 година.

vo-tek-se-upisite-za-master-studii-na-megjunarodniot-balkanski-univerzitet-01.jpg

Заинтересираните студенти имаат можност да одберат една од 11-те студиски програми, распределени во 7 факултети и тоа: Факултет за економски и административни науки, Факултет за инженерство, Факултет за комуникации, Факултет за образовни науки, Правен факултет, Факултет за социјални науки и Факултет за уметност и дизајн.

Наставата на постдипломските студии на МБУ се одвива целосно на англиски јазик, а програмите се во времетраење од една година и секоја носи 60 ЕКТС кредити. Сите кандидати потребно е да имаат завршен четиригодишен прв циклус студии, со освоени 240 ЕКТС кредити и да имаат солидно познавање на англискиот јазик.

Меѓународниот балкански универзитет нуди можност за плаќање на школарината до 4 рати. Школарината за жителите на балканските земји изнесува 1000 евра по семестар, а за студентите кои дипломирале на МБУ истата изнесува 750 евра по семестар.

Аплицирањето се врши онлајн на овој линк, каде може да се најдат и дополнителни детали и информации за потребната документација и услови.

Проверете зошто Меѓународниот балкански универзитет е универзитет за најдобрите студенти!

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Емотивна објава по смртта на Рамуш Мухарем: „Беше познат по Циркотека, но беше и ТикТок пред ТикТок ... „Почина Рамуш Мухарем - Цирко, најпознат по Циркотека, но сепак животно дело ќе ...
Емотивен текст до мајката на тапанарот Ѓорѓи од ДНК: „Со тешка рака името на лист за Задушница ќе му... Писателката и поетеса Билјана Андоновска, на својот профил на Фејсбук објави пес...
Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...

Најчитани неделава