Благодарение на најновото партнерство на Httpool со Spotify, брендовите во Македонија конечно ќе можат да им се обратат на љубителите на музиката

Httpool додаде нова возбудлива платформа во своето портфолио и отсега е ексклузивен претставник на Spotify за огласување во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

blagodarenie-na-najnovoto-partnerstvo-na-httpool-so-spotify-brendovite-vo-makedonija-konechno-kje-mozhat-da-im-se-obratat-na-ljubitelite-na-muzikata-01.jpg

Како најпопуларна глобална музичка платформа Spotify нуди палета на иновативни решенија за огласување, преку кои брендовите можат да допрат до својата високо ангажирана публика од млади, влијателни луѓе и при тоа да го користат растечкиот тренд на слушање на аудио содржини преку интернет.

„Воведувањето на Spotify платформата на нашите пазари претставува дополнително задоволство за нашите корисници. Како што се менуваат навиките на потрошувачите, брендовите треба да најдат соодветен начин да допрат до својата публика и да се поврзат со неа во вистинскиот момент. Звукот нуди лична поврзаност со брендот. Возбудени сме што токму Httpool го поврзува Spotify со огласувачите од сите големини, помагајќи им да го откријат, разберат и искористат целосниот потенцијал на аудио преносот“, рече Jане Бајалџиев, Управител на Httpool Македонија.

Покрај Македонија, локалниот тим на Httpool ќе поддржува и огласувачи во Албанија и Косово.

Spotify нуди различни рекламни формати, вклучувајќи аудио, видео и дисплеј, насекаде и во секој момент од денот. Со помош на “Spotify streaming intelligence” – уникатнен начин на обработка на податоци и увид заснован на однесувањето на корисниците на платформата - огласувачите можат да ги прилагодат своите огласни решенија и пораки во согласност со потребите на корисниците и нивниот начин на размислување во контекст на слушање на содржини.

„Httpool ни е одличен партнер низ цела Европа и уверени сме дека ќе продолжат да го зголемуваат влијанието на Spotify како водечка платформа за огласување и на Балканот“, изјави Рак Пател, Директор за продажба на Spotify за Обединетото Кралство, Европа, Средниот Исток и Африка.

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава