Марија Јаневска се пресели во Белгија: „Во туѓа земја не знаеш ниту како да испазариш или да стигнеш од дома до работа“

Марија Јаневска, писателка и медицинско лице, одлучи да ја напушти Македонија и сега отворено говори за тешкотиите со кои се соочува во Белгија.

marija-janevska-se-preseli-vo-belgija-vo-tugja-zemja-ne-znaesh-nitu-kako-da-ispazarish-ili-da-stignesh-od-doma-do-rabota-01.jpg

Марија Јаневска, која за многумина позната по Белешките на Лајла Грејс, е воедно и дел од медицинската фела, неодамна донесе сериозна животна одлука и се пресели во Белгија.

Таа во Фејсбук статус отворено говори за тешкотиите, но и убавините на преселбата:

Секоја промена е тешка.

Откако се преселив освен огромното чувство на постојан и непрекинат страв, научив и дека најлесно е ако само престанеш да мислиш и “скокнеш” во сето тоа.

Доаѓаш во средина каде не знаеш никого, немаш родители, ни пријатели, ни љубов. Немаш дом, немаш кола, не знаеш јазик и појма немаш од основни работи, како на пример како да испазариш во маркет во кој нема англиски на ниеден производ и наместо половина час во маркет поминуваш 3 часа со гугл транслејт на телефонот во рака.

Па те фаќа дожд, преморена после работа, па немаш превоз, па доаѓаш дома сама, преморена и наврната. Појма немаш како се вади сметка во банка, не знаеш возни линии на јавен транспорт, ниту како да стигнеш од дома до работа. А ако успат треба да направиш и нешто трето, тоа е веќе научна фантастика.

И како поминува времето, наеднаш се навикнуваш. Наоѓаш пријатели, фасцинираноста од нивната пријатност и од самиот град те тера да заборавиш на стравот и стресот полека се топи. Наоѓаш нов дом.

И во сето ова, и покрај тоа што се си чував во себе, некои луѓе едноставно знаеја без да им кажам и беа тука и кога не ги барав и кога не ми се збореше и кога се смеев со сила. Овој месец научив една многу важна лекција за луѓето во мојот живот, а тоа е дека километрите се ништо.

Луѓето сами бираат колку ќе бидат блиску или далеку еден од друг.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава