Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Седми циклус на проектот „Ново Име“: Одимееее! Помогнете на младите таленти да го остварат својот сон!

Седум млади луѓе од цела Македонија имаат шанса со поддршка во вредност до 2.500 евра да го унапредат својот талент од областа на уметноста, културата, науката или спортот, а доколку се прашувате дали можете да им помогнете во тоа, одговорот е – ДА!

sedmi-ciklus-na-proektot-novo-ime-odimeeee-pomognete-na-mladite-talenti-da-go-ostvarat-svojot-son-01.jpg

Како? Па така што на платформата novoime.mk ќе го пронајдете својот фаворит и ќе му дадете поддршка. Секој глас е чекор поблиску до остварување на сонот на овие млади луѓе да се изборат за поддршка каква што заслужуваат, а нивниот талент да процвета и да добие крилја.

Во прашање е новиот, седми циклус на проектот „Ново Име“, кој во потполност го поддржуваат компаниите „ХТЛ МАКЕДОНИЈА“ и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија, како вид на поддршка на сите млади од 16 до 30 години од цела земја својот талент да го претстават на јавноста и да се здобијат со гласови и можност да го надоградат.

Љубовта кон пишувањето, пеењето, модата или фотографијата... само се некои од вештините или знаењата низ кои во октомврискиот циклус се претставија седум млади таленти.За некого од нив можете да гласате до крајот на месецот, по принцип – еден човек, едно срце. Победник е некој кој во сабота, 31 октомври, точно на полноќ ќе има најмногу гласови.

Тој/таа ќе се придружи на досегашните победници, подготвени со своите вештини да го освојат светот – Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот, и Александар Јакимовски, Ново Име на гејмингот.

„На сите млади би им препорачал да се пријават и да го остварат својот сон, затоа што ова е поддршка која воедно може да ви покаже колку сте всушност добри во она што го сакате, без оглед дали станува збор за музика, сликарство, или да кажеме, некој спорт.“, вели Александар Јакимовски, кој победи во октомврискиот круг на циклусот.

Новиот победник ќе биде официјално прогласен на 1-ви ноември, како на самата платформа novoime.mk, така и на социјалните мрежи Facebook и Instagram, каде што можете да ги следите сите случувања во врска со овој проект. Исто така, до средина на овој месец можете да ги испратите своите пријави за новиот круг, а тоа можат да го направат и сите оние кои во претходните циклуси не успеале да ја освојат титулата Ново Име, само е потребно од почеток да се испочитува комплетната процедура за пријавување.

И затоа – гласајте, подгответе ја својата пријава и се разбира, среќно на сите!

Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg