Oнлајн продавница за свесна и одржлива мода

Сите оние кои можеби го пропуштија изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, или, пак, не го направија својот конечен избор за време на тридневното „поп-ап“ издание на Моден Викенд Скопје, сега имаат единствена прилика, одново да ги видат и купат уникатните креации од колекциите на повеќето учесници. Од денес се достапни за продажба исклучиво во рамки на домашната платформа за уметност и дизајн Skala.

onlajn-prodavnica-za-svesna-i-odrzhliva-moda-01.jpg

Сакате да се подновите со уникатно парче облека или аксесоари? Размислувајте глобално, купувајте локално! FWSK во партнерска соработка со берлинската агенција ONLYAFEW направи внимателна селекција и го прикажа најдоброто од одржливиот дизајн на неодамна одржаниот 22. Моден Викенд Скопје, пружајќи им максимална поддршка, како на истакнатите брендови, така и на перспективните таленти кои почитуваат еколошки, занаетчиски и етички принципи на работа.

По нивната презентација на изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, мноштво креации завршија во рацете на задоволните купувачи. Преостанатата богата понуда од повеќето домашни учесници, пак, сега е повторно достапна во новата е-продавница на македонската платформа за уметност и дизајн Skala. Ова е единствената „адреса“ каде од денес ќе може да се видат и купат онлајн сите парчиња со големи поволности.

Имињата кои ја продлабочуваат заедничката мисија на FWSK, ONLYAFEW и Skala за промоција на свесната и одржлива мода во нашата земја се: Ирина Тошева, Terziya Movement, Minnimal, Стефанија Насеска, Seddum, Котев Ксенија, Tessuti Art, Krenare Rugova, PSSBL, LIPA Ceramics, Siideess и Саксија Urban Pots. Во текот на наредните месеци, споменатите дизајнери ќе изненадат и со ексклузивни капсулни колекции.

За потребите на онлајн продавницата Skala беа изготвени наменски лукбук фотографии, дело на Антонио Станков од тимот на Џолев и Уметностите, пред чиј објектив се најдоа моделите Ивона Ристовска и Ивана Ристовска од агенцијата Подиум во просториите на Јавна Соба.

Приклучете се и вие кон поддршката на модните херои на денешницата. Направете добар избор што ќе трае со клик на следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава