НЛБ Банка воведе можност за бесконтактни трансакции на банкоматите

НЛБ Банка воведе можност за бесконтактно користење на услугите на своите банкомати. Оваа иновативна придобивка е достапна за сите корисници на бесконтактни платежни картички, како и за сите корисници кои имаат апликација за мобилен паричник. Во моментов услугата за бесконтактни трансакции е достапна на 80 НЛБ банкомати низ земајва.

nlb-banka-vovede-mozhnost-za-beskontaktni-transakcii-na-bankomatite01.jpg

Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и безбедни трансакции. Станува збор за надградба на банкоматите со бесконтактни читачи, кои нудат можност за подигнување на готовина и проверка на состојба со доближување на бесконтактна картичка или мобилен телефон преку NLB Pay мобилниот паричник (или преку друга апликација за мобилен паричник). Принципот на бесконтактно подигнување на готовина е сличен на процесот за бесконтакно плаќање, односно корисникот треба само да ја доближи својата картичка или мобилниот телефон на означеното место на банкоматот каде е поставен знакот за бесконтактни трансакции. За секое подигнување на готовина на овој начин, без разлика на износот, неопходно е корисникот да го внесе својот ПИН код заради дополнителна заштита.

„Со воведувањето на новата функционалност за бесконтактните трансакции на нашите банкомати направивме, уште еден чекор кон унапредување на нашите услуги, а на клиентите им овозможуваме едноставна, брза и сигурна услуга. Новите функционалности на банкоматот се во прилог на новонастанатата ситуација со Covid вирусот, каде клиентите се почесто сакаат да ги користат дигиталните услуги, но и бесконтактниот начин за вршење на транскации. Преку оваа функционалност повеќе нема ризик банкоматот да ја одземе картичката, а дополнително клиентите имаат можност и воопшто да не носат картичка со себе, туку да извадат готовина само преку својот мобилен телефон.“ - изјавија од Банката.

Повеќе информации во врска со функционалностите на бесконтактните банкомати можете да добиете на телефонскиот број 02/ 15 600 или во некоја од експозитурите на Банката.

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
Наша адвокатка откри дека ја контактирала Македонката чиј сопруг ја уби во Италија: „Милена, зошто н... „Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бриш...
Викторија Лоба со моќна порака: „Земаш телефон и се споредуваш со цел свет, па си мислиш ‘Не сум дов... „Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.&...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...

Најчитани неделава