Huawei започна нова кампања за продолжување на гаранциите, ја продолжува услугата „од врата до врата” и Сервисниот центар останува отворен

За да обезбеди подобра услуга за своите клиенти, Huawei Consumer Business Group во Северна Македонија го продолжува гарантниот период за сите производи на HUAWEI, вклучувајќи слушалки, таблети, преносни аудио и рутер уреди, чија првична гаранција истекува помеѓу 28 ноември 2020 година и 28 февруари 2021 година. За сите нив гаранцијата е продолжена до 1 март 2021 година. *

huawei-zapochna-nova-kampanja-za-prodolzhuvanje-na-garanciite-ja-prodolzhuva-uslugata-od-vrata-do-vrata-i-servisniot-centar-ostanuva-otvoren01.jpg

Информации за гаранцијата на вашиот Huawei уред може да се добијат од апликацијата за поддршка (Услуга->Брза услуга- Предности) или преку официјалната веб-страница на Huawei.

Компанијата информира дека од 30 ноември, сопствениците на HUAWEI уреди, без разлика дали сѐ уште се под гаранција или не, може исто така да ја искористат услугата „од врата до врата” на Центарот за услуги на клиенти на Huawei. Ова вклучува бесплатна курирска услуга за корисникот до сервисниот центар и назад, која може да се добие на телфонскиот број 0800 55 550, секој работен ден од 9 до 18 часот. Бесплатната курирска услуга за гарантни и вон гарантни паметни телефони, таблети, лаптопи и паметни часовници ја покрива целата територија на државата.

Центарот за услуги на клиенти во Скопје, на ул. Борис Трајковски 72, почитувајќи ги сите препораки и мерки за претпазливост од КОВИД-19, останува отворен, така што секој клиент може да добие најпогодна и пријатна услуга.

 

* Системот за компензација ќе се ажурира во ноември 2020 година. Доколку уредот ги исполнува горенаведените услови, гаранцијата автоматски ќе се продолжи до 1 март 2021 година. Сите други услови за гаранција ќе останат непроменети.

Би можело да ве интересира:

Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Сопругата на Кили емотивна 2 месеци по неговата смрт: „Животот продолжува, но одеднаш ќе дојде една ... „Полека животот продолжува, како сè да е нормално, ама одеднаш ќе дојде една ужа...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
На Македонија ѝ се заканува силно невреме денес - Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава ... Во Македонија денес: „Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе ...

Најчитани неделава