Деветти циклус на поддршка на младите таленти во Македонија - Искористи ја шансата твоето име да стане Ново Име и да го оствариш својот сон

Мартин Милевски е победник во осмиот циклус на проектот „Ново Име“, со што започна новиот круг и со самото тоа, нова шанса за сите млади таленти од цела Македонија да станат деветто Ново Име.

devetti-ciklus-na-poddrshka-na-mladite-talenti-vo-makedonija-iskoristi-ja-shansata-tvoeto-ime-da-stane-novo-ime-i-da-go-ostvarish-svojot-son01.jpg

Сите млади од 16 до 30 години кои сакаат да ја искористат можноста нивното име да стане Ново Име, може да ги испратат своите пријави до 15. декември. Доколку сé уште не сте имале можност да се запознаете со проектот – сите потребни информации и самиот формулар за пријавување можете да ги најдете на платформата novoime.mk.

Додека талентите се подготвуваат за својата шанса, победникот на ноемврискиот циклус кој ја освои наградата со апсолутна наклоност и поддршка од гласачите, планира на кој начин ќе ја искористи наградата за развој на својот талент. Запознајте го Мартин Милевски, младиот вљубеник во фотографија од Виница, победникот на осмиот циклус на проектот „Ново Име“.

„Оваа титула и награда сигурно ќе ми помогнат дополнително да се усовршам во тоа што веќе со години сакам да го работам и ме исполнува – фотографија на портрети. Еден мој сон на тој начин е остварен и затоа ги повикувам сите млади да се пријават и да станат Ново Име, затоа што оваа поддршка е секогаш добредојдена“, се зборови на победникот на ноемврискиот циклус на проектот „Ново Име“.

Станувајќи Ново Име, на Мартин му појде од рака она што претходно успеаа да го направат, Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Викторија Симеонова и Станче Алексов, Ново Име на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот и Александар Јакимовски, Ново Име на гејмингот – да се избори за можност да со сума до 2.500 евра ги унапреди своите вештини и знаења.

Проектот „Ново Име“ од почеток на годината во потполност го реализира компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија. Нивната мисија е да се препознаат младите таленти и да им се овозможи да го остварат својот сон, за што им е неопходна (финансиска) поддршка. Со тоа, заедно со овие млади луѓе се укажува на важноста на општественото одговорно делување како во однос на поединци, така и на севкупната заедница.

Повеќе детали за самиот проект „Ново Име“ можете да погледнете и на официјалната Facebook страница и Instagram профил. Со среќа на талентите во декемврискиот круг!

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава