Mozzart со донација на лаптопи во Посебно основно училиште „Иднина“ во Чаир

Mozzart хуманитарниот караван никогаш не запира, а овој пат продолжува со големата акција во која донираат лаптоп компјутери во основни училишта.

mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-posebno-osnovno-uchilishte-idnina-vo-chair-01.jpg

Досега Mozzart донираше лаптопи во ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода, ООУ Јан Амос Коменски во Општина Карпош и ООУ Блаже Конески во Општина Аеродром. Компјутерите се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

Овој пат донацијата е наменета за ПОУ Иднина во Општина Чаир, а компјутерите ќе бидат искористени во кабинетите на училиштето, наменети за учениците.

Од училиштето се заблагодарија на Mozzart за реализираната донација и истакнаа колку се важни овие општествено одговорни активности.

„Училиштето е стимулативна, мултикултурна и безбедна средина која се стреми да понуди современи методи и техники за едукација и рехабилитација, ориентирани кон силните страни и индивидуалните потреби на учениците, во која што тие го постигнуваат својот максимален потенцијал за активно учество во општеството, воедно тоа е визијата на Посебното основно училиште „Иднина“ Скопје. Одговорноста на децата е на целата заедница. Патот на нивниот напредок и успех е и ќе биде поддржан од сите нас, затоа што сите деца имаат еднакви права и на сите треба да има се даде неопходната поддршка. Сите ние сме благодарни и горди на хуманото дело на компанијата Mozzart за опрема на нашите кабинети за непречено реализирање на наставата во состојба на пандемија - донацијата на лаптоп компјутери. Ова што го направивте за нас како општествено одговорна компанија е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици. Ви се заблагодарувам пред се во името на учениците, вработените и родителите.“ – изјави директорката на училиштето, Лорета Андреевска.

mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-posebno-osnovno-uchilishte-idnina-vo-chair-02.jpg

Од Mozzart се надеваат дека со оваа голема акција преку која донираат лаптопи наменети за учениците во основните училишта, ќе помогнат онаму каде што е најпотребно и ќе придонесат кон обезбедување услови за непречено следење на наставата.

„Се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон подобрување на условите на учениците кои посетуваат настава во училиштето ПОУ Иднина и дека ќе им се олесни процесот на едукација преку пристапот до дигиталните уреди кои се од исклучителна важност во денешни услови. Како општествено одговорна компанија континуирано реализираме бројни хуманитарни кампањи во сите сфери и области, а со исто темпо продолжуваме и во следниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

Покрај донациите на лаптоп компјутери во основните училишта, Mozzart донираа лаптопи и во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, наменети за реализација на проект за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение и за нивните родители.

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, лаптопи, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Би можело да ве интересира:

Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Таско со емотивна исповед: „Се обвинував себеси што го изгубивме првото бебе, пред да се роди Лукија... „Наташа имаше спонтан абортус во моментот кога со пријателите славевме дека ќе с...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Славчо Попоски, метеоролог: „Уште една многу топла недела, викендов можни врнежи од дожд“ „Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температур...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Емотивно видео на Македонка која боледува од Хочкинов лимфом: „Се плашев како ќе реагира ќерка ми ко... „И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg